Некои мажи речиси секогаш изгледаат одлично, без разлика во кој дел од денот и каде ќе ги видите. Ако го земеме примерот од Бред Пит, Џорџ Клуни или Дејвид Бекам, апсолутно е можно да создадете таков вид визуелна харизма без да потрошите еден тон пари или да имате свој личен стилист – само со неколку тајни!
Многу од мажите со стил, без посебен напор се облекуваат сами и го прават својот стил препознатлив. Следејќи некои принципи, кои и вие можете да ги искористите во вашиот живот, можете да најдете свој стил, кој ќе ви послужи како единствен печат за себе.
- Стилот на облекување е вештина која што можете да ја развиете
Кога првпат ќе се посветите на вашето стилско облекување, можеби ќе имате нејасна идеја за тоа што сакате да постигнете, можеби ќе бидете преоптоварени од бројот на опции и информации што ви се достапни. Колку и да звучи комплицирано, ако повеќе проучувате како да се облекувате добро и донесувате јасни, намерни одлуки за тоа како изгледате, толку полесно ќе се снајдете. Тоа не е магична особина со која сте или не сте родени. Туку со малку труд може да ја стекнете и да ви прејде во едноставна навика давајќи ви сигурност во вашиот избор.
Најважно е да истражите повеќе информации околу боите и нивното усогласувањето, така подобро ќе разберете како да составите одлични парчиња облека. Откако ќе ја разберете основата за тоа како да бидете добро облечени, ќе почнете да развивате ценење и наклонетост кон одредени артикли за облека.
2. Размислете за вашиот личен начин на живот и цели
Откако ќе разберете што е класично и безвременско, тогаш треба да процените каква облека всушност би вклучиле во вашиот секојдневен живот. Убаво е да поседувате многу костуми, но доколку вашиот секојдневен живот е сосема со поинакво темпо или работна средина, нема да ви помогне ако ретко добивате можност да ги носите.
Најважно е да разберете зошто на прво место треба се облекувате добро. Дали сакате да добиете предност на работа и сакате да се претставите на најпрофесионален можен начин? Дали го правите тоа затоа што прави да се чувствувате добро? Или тоа е чекор на вашето патешествие во кое сакате да оставите препознатлив печат?
Направете си концепт и проценете каков тип на облека најчесто ќе носите на дневна основа и во кој стил се чувствувате најкомотно.
Откако ќе ги размислите овие работи, важно е да проверите што имате и какви парчиња сакате да додадете во вашиот плакар, а кои ќе бидат најкорисни за вас, како би спречиле импулсивно трошење средства.
3. Најважно е да сте во добра кондиција!
Можете да потрошите илјадници на брендира облека, но ако не ви стои како што замислувате, нема поента комбинацијата од скапи парчиња. Неправилното комбинирање на облеката може да ги потенцира оние делови од вашето вашето тело кои сакате да ги прикриете и обратно и да изгледате дека сте пониски, подебели, повисоки или послаби отколку што сте всушност. Ова ќе ја убие секоја можност што ја имате да изгледате кул без додатен напор.
Мажите често избираат облека што е премногу голема за нив затоа што сакаат да изгледаат поголеми и да се чувствуваат поудобно. Разбирањето што најдобро функционира за вашиот тип на тело ќе ве спаси од многу фрустрации. Иако модерниот стил што го гледаме на билборди или онлајн маркетинг може да биде примамлив за следење, тој едноставно нема да функционира за секој маж, затоа одберете стил кој најдобро ви прилега.
4. Секогаш одвоите буџет за некое квалитетно парче
Квалитетната облека не секогаш е скапа, но сведоци сме дека таа не само што изгледа поубаво на суптилен начин, туку исто така трае подолго и ќе изгледа поживо. Имајќи во предвид дека потребни ви се повеќе комбинации, повеќе средства одвоите за обувки кои што се направени со највисок квалитет, и не само што изгледаат убаво, туку тие ќе траат и подолго.
Овој додаток ќе ви помогне да креирате своја сопствена „униформа“ бидејќи умешно ќе ги комбинирате парчињата облека со одлични обувки.
Иако никогаш не треба да трошите над вашите можности, важно е да запомните дека треба да се фокусирате на помалку парчиња со поголем квалитет, наместо на многу работи со послаб квалитет, кои веројатно ќе останат во вашиот плакар необлечени. Помалку е повеќе.
Вниманието на она што претставува добро изработено парче облека ќе ви помогне и да заштедите пари и да се држите подалеку од облеката со премногу логоа, што прави да изгледате како да се трудите премногу.
5. Држете се до неутралните и разновидни парчиња облека
Кога ја креирате вашата основна гардероба, обидете се да се придржувате до неутрални и разновидни парчиња облека. Исто така, секогаш гледајте да купувате облека што ќе може да се комбинира што е можно повеќе. Иако кошулата не е највозбудливото парче, таа лесно може да се вклопи со други додатоци за да создаде похрабар изглед.
Ова функционира само ако изберете артикли кои се неутрални по дизајн. Да се има гардероба која првенствено се состои од бела, сина, тегет, сива, кафеава боја е и машки и префинет избор. И сите овие се неутрални бои кои, во најголем дел, секогаш можат да одат заедно.
6. Вежбајте како да ја носите вашата облека
Кога ќе почнете да купувате поубава облека, ќе излезете од вашата комфорна зона и можеби нема да се чувствувате сосема удобно да ја носите. Најдобар начин да го поправите ова е да стекнете навика да ги комбинирате и носите овие парчиња. Доколку се спремате за некој настан, а мислите дека ќе се чувствувате неудобно во новиот костум, облечете се и поминете некое време пред огледалото, навикнувајќи се на новиот изглед за кога ќе дојде време да го носите бидете полни со самодоверба.
7. Организирајте го плакарот и одржувајте ја вашата облека
Дури и ако вашата облека е разновидна, нема да е важно ако е згужвана. Ако сте проактивни за тоа како ја чувате и негувате вашата облека, долгорочно ќе заштедите многу време и стрес.
Чувајте го вашиот плакар организиран и поедноставете си ги плановите, на пример доколку не сте утринска личност, практикувајте да испланирате што ќе облечете од претходната вечер. Подготовката го олеснува умот и ве прави посигурни дека работите ќе одат глатко, што ќе ви даде сигурност и контрола без да се трудите премногу.
8. Откако ќе ги имате основите, експериментирајте!
Не плашете се да експериментирате откако ќе ги имате вашите основни работи, сега е време да започнете да го прилагодувате вашиот стил. Запрашајте се дали постои одреден стил што го претпочитате во однос на друг – на пример, џинс и патики, или костум со кошула и вратоврска.
Обидете се да одите на посветли и похрабри бои отколку што вообичаено би избрале. Во текот на овој процес, ќе најдете парчиња облека кои ќе ви помогнат да се разликувате во насоките на класичниот машки стил и да ви помогне да развиете стил кој најдобро изгледа на вашата личност. Ова ќе ве направи да се чувствувате поудобно во облеката, а таа леснотија ќе даде опуштена елеганција, која ќе ги привлече очите на другите луѓе кон вас.
9. Останете со отворен ум за стилот
Не постои само еден правилен начин да се биде стилски облечен. За да избегнете чувство дека вашиот стил е застарен и застоен, важно е да ги следите луѓето чиј стил го почитувате. Следењето на нив може да ви даде комбинации на облека кои можеби не сте ги помислиле, а тоа исто така може да го прошири вашиот репертоар со второ мислење.
Имањето заедница на истомисленици може да помогне вашето стилско патување да се чувствува помалку осамено. Убавината на интернетот е што поврзува истомисленици ширум светот кои инаку не би се сретнале. Иако вашето стилско патување може да се состои само од вас и вашиот личен живот, имањето група на истомисленици може да ви помогне да бидете одговорни и мотивирани.
10. Уживајте во процесот и забавувајте се со него!
На крајот на денот, облеката е сè уште само облека. Иако може да направи разлика во вашиот секојдневен живот, важно е да не го сфаќате толку сериозно за процесот да биде повеќе забавен. Не плашете се да правите грешки, како што секој има во еден момент. Сфатете дека не е крај на светот.
Секогаш повеќе време обрнете на вашето однесување кон себе и другите, и бидете вистински џентлмен кој негува добри навики!