Кога ќе помислиме на италијанската мода уште од прва ни текнува на зборовите СТИЛ, ЕЛЕГАНЦИЈА, КЛАСА. Италија е земја на врвни дизајнери. Токму затоа го има епитетот на земја со најголем стил.
Она кое ја прави машката мода во Италија да има толку душа се начините на работа. Од мали фамилијарни бизниси до големи корпорациски фабрики.
Долче и Габана, Прада, Армани, Гучи, се ова потекнува од Италија. Но, има брендови кои морате да ги знаете аверуваме дека ретко кој од вас ги слушнал. Овие 10 брендови заслужуваат да бидат во вашиот орман.
1. TOD’S
TOD’S ја имаа онаа приказна на успешна фамилијарна работилница која прераснува во голем глобален играч на пазарот со машка гардероба уште од 90-тите. Започнале со машки кондури, а сега изработуваат и аксесоари и чанти.
2. Corneliani
Започнуваат како работилница за изработка на капути уште во 1930 година во Милано. Сега нудат секаков вид на машка формална гардероба и шијат по мерка.
3. Incotex
Според многумина ова е најдобриот бренд кој произведува панталони, кратки панталони и се што е долен дел од машката гардероба. Важат за пионери на smart-casual начионот на облекување.
4. Brioni
Бриони е бренд кој заслужува едно од пиедесталните места. Најдобрите одела скроени по мерка од врвни дизајнери. Не треба да се зборува многу.
5. Anderson’s
Доаѓаат од Парма и важат за едн од најдобрите производители на рачно изработени каиши.
6. Borsalino
Најдобар производител на шешири. Специјализирани се за Fedora. Вистинските познавачи на модата и оние со стил знаат што значи овој бренд за љубителите на шеширите. Порано Борсалино произведувале и каиши.
7. Canali
Фамилијарен бизнис на Канали уште од 1937 година. Од своето постоење па се до ден денешен изработуваат одела по мерка. Место на пиедесталот и за нив.
8. Boglioli
Некогаш овој човек – бренд работел за некои од најголемите компании како дизајнер, но од 90-тите го започнува својот бизнис на изработка на траадиционално дизајнирани костуми за мажи. Во Италија важи за еден од најреспектабилните брендови кои нудат квалитет.
9. L.B.M. 1911
Бренд изграден во Италија. Имаат традиционален метод на изработка на гардеробата, која нуди безвременска мода и премиум изглед.
10. Loro Piana
Лидери во производството и изработката на гардероба од високо квалитетен кашмири волна од мерино која е навистина елегантна.
ФОТО: Unsplash