10 комуникациски тајни на големите лидери

Речиси е невозможно да се биде голем лидер, а да немате комуникациски способности на едно врвно ниво. Има разлика од “дрдорко” до ова кое што го пишувам погоре. Да се биде успешен комуникатор е нешто што се учи. Многу е важна дикцијата, вокабуларот, фондот на зборови, граматика, и некои други вештини за да бидете добар “спикер”.

Во оваа колумна сакам да ви споделам неколку трикови, со кои сигурно ќе бидете подообар комуникатор.

Се е до способноста да направите разлика од разговор во 4 очи, до обраќање пред голема публика. Истражувајте ги големите лидери, и кај сите нив ќе видите дека се одлични комуникатори. Можеби зборуваат за своите идеи, но вие ќе се чувствувате како да зборуваат за вас, вашите емоции и и амбиции. Тие знаат дека доколку нивниот говор, не допре длабоко до вас, тогаш ќе биде заборавен уште истиот момент.

Големите лидери речиси се изненадени секојдневно од изјавите кои мора да се дадат за разни ситуации во текот на денот. Исто така, сигурен сум дека голем број на корпорации, компании или институции патат од слаба комуникација со јавноста, или од слаб ПР. Многу често може да се види како некои лидери не даваат големо внимание на овие работи. Како да ги потценуваат. Но, не би потсеќале што значи лоша комуникација со јавноста или лошо презентирана ситуација. Каква ли само штета може да направи. Страшно. Ефективната комуникација со јавноста може да донесе одличен позитивен фидбек.

Да се вратиме на вештините. Големите комуникатори се и големи слушачи и внимателно обрнуваат внимание на она што го зборува некој. Големите комуникатори знаат да преознаат личности, или да ги прочитаат уште пред да седнат со истите. Знаат да го препознаат нивното расположение, говорот на телото, вредностите кои ги носи. И не само личностите, туку и средината каде се обраќаат.

Би сакале да станете одличен комуникатор? Ви презентирам 10 начини како да станете одличен комуникатор:

  1. Немојте да зборувате како да имате вилушка во уста. Многу луѓе не сакаат да се отвораат пред непознати или пред луѓе на кои не им веруваат. Со зборување јасно и прецизно, на луѓето им влевате доверба во она кое го кажувате. Довербата се креира на таков начин. Дококлку сте ја стекнале нивната доверба, тогаш и комуникацијата е едноставна, и многу полесно ќе го остварите она што сте го замислиле.
  2. Престанете со корпоративни соопштенија. Направете дијалог, наместо монолог. Не секогаш соопштението знае да ја постигне целта. Некогаш знае да отвори дополнителни прашања на кои ќе немаат одговор. Токму затоа дијалогот е одличен во одредени ситуации. Има една вистина: Луѓето не ги интересира колку знаеш, додека не видат колку се грижиш! Доколу не развивате релација со луѓето никогаш нема да ја знаете вистинската слика, а доколку дојде до тоа, после е касно да се вратат работите назад.
  3. Бидете прецизни. Бидете секогаш јасни. Едноставнсота и концизноста е секогаш подобра, од комлицираното и збунувачкото. Вистинскиот лидер знае како да прејде на главната тема секогаш. Знае да ја погоди точно проблематиката. Тоа е одлика на храбрите. Така вашите зборови се бројат.
  4. Фокусирајте се на вистинските работи. Добрите комуникатори не само што знаат да учат и да собираат информации од секого, туку тие секогаш знаат да направат трансфер од една на друга тема, да бидат од акција, и да ја спроведат идејата и визијата. Клучот е во секоја дискусија да влезете со интерес. Кога навистина сте фокусирани на она што го зборуваат така полесно ќе стигнете до целта. не ставајте фокус само на вас, слушајте ги и другите што имаат да кажат.
  5. Бидете човек со широки погледи во општеството. Тоа носи нови можности за успех. Доколку сте конзервативен, тоa ве прави ограничен. Вистинскиот лидер секогаш ја постигнува целта без разлика на мислењето на другите во тимот. Фрапиран сум колку туѓото мислење може да влијае кај луѓето. Страшно е тоа. Гледајте секогаш да развивате дискусија со луѓето што ќе ви се спротистават на вашето мислење.
  6. Ќути и слушај. Гоелмите лидери знаат кога да зборуваат, но знаат и кога треба да слушаат. Ова се основите. Доколку само вие зборувате, тогаш информацијата што ја давате нема да го има истиот резултат кога и другите би кажале што мислам. Монологот е погрешна работа. Првиот момент кога ќе сфатите дека преку слушањето се учи навистина многу, и како треба и како не треба, тогаш ќе сфатите дека сте вистински комуникатор.
  7. Заменете го егото со емпатија. Немојте да дозволите егото да владее. Кога за некои работи говорите со емпатија, наместо со ароганција тогаш почнуваат да се случуваат убави работи. Емпатијата ви дава доза на автентичност, доза на транспарентност, за разлика од оние кои се бетонирано со его. Еготрипери.
  8. Читајте меѓу редови. Земете здив, и навалете наназад. Тогаш ќе сфатите дека човекот меѓу редови ви кажал нешто друго. Прав лидер знае да препознае кога има нешто кажано меѓу редови. Имаат способност да сфатат што не било кажано, а сакале да го кажат. Секогаш држете ги очите и ушите широко отворени, а устата затворена, и ќе бидете шокирани од тоа што ќе гоо разберете.
  9. Кога зборувате, секогаш знајте за што зборувате. Додајте вредност секогаш на она што го зборувате. Повеќето од успешните луѓе со кои би комуницирале немаат голем интерес доколку речениците кои ги изговарате немаат додадена вредност на она кое го говорите. “Не е до тоа што ќе кажете, туку е до она како ќе го кажете”. Секогаш во разговорите имајте Што и Како. Тоа се две најважни работи, што вре прават интересен за слушање.
  10. Зборувајте пред група на луѓе за секој да се чуствува како да говорите индивидуално. Да, тоа е голема моќ на лидерите. даа зборуваат пред 10, 1000 или 10000 луѓе а сите да имаат чувство како да им се обраќате посебно или директно. Кредибилитет и доверба, се клучни за оваа работа.

Оваа мала лекција би ја нарекол, е за секоја порака која сакате да ја испратите, директно или индиректно преку трето лице, бидете сигурни дека пораката е вистинита и точна, со добра причина, и да има логика тоа што го кажувате, да сте конзистентни, јасни и прецизни. Потроешете малку време да додадете на воведот некоја реченица плус, и на финишот исто. И, најважно од се, имајте на ум дека комуницирањето не е за вас, вашето мислење, или пак позицијата. Комуницирањето е да им помогнете на другите да ги разберете нивните потреби, грижи, и дададете вредност во нивните животи. Направете ги овие неколку работи, и сигурно ќе ги намалите комуникациските проблеми и ќе продолжите да грабите напред.

Марко Костадиновски

Експерт по односи со јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.