10 модни правила на креативниот директор на “Kenzo” – Фелипе Оливеира Баптиста

Фелипе е креативен директор на Kenzo, моден бренд, кој е познат низ светот. Тој сподели неколку модни правила кои го дефинираат стилот кај еден маж.

1.Секогаш имајте парчиња облека за вистинска намена, без разлика дали збориме за спортски или бизнис стилот.

2. Моменталниот тренд на мешање на спортската и елегантната мода ме прави среќен. И плус мислам дека ова не е тренд, ова ќе продолжи да важи и понатаму.

3. Доколку ми гори куќата, и морам да спасам само едно парче облека, тоа ќе биде мојот омилен капут.

4. Секој маж мора да има барем еден пар бели панталони и една бела клот маичка.

5. Една работа која ме вади од кожа е носењето на поло маичка со крената крагна.

6. На нозете обожавам да носам минималистчки едноставни патики.

7. Што ме инспирира? Уметноста. Приказните. До утре би набројувал.

8. Најдобриот дел од мојата работа е почетокот на денот каде се е отворено и се е возможно. А крајот е само шлаг на тортата.

9. Најомилен период за добро облекување ми е зимата, особено деновите кога врне дожд.

10. Мој совет е да бидете свои, и да се водите по вашиот инстикт и нештата во кои се осеќате удобно и со високо ниво на самодоверба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Моден детал кој кажува многу за вас

Leave a Reply

Your email address will not be published.