10 работи кои мора да ги знае секој џентлмен кога нарачува на шанк

Иако мерките од корона вирусот некако не не остваат да уживаме во животот онака како што најдобро знаеме, сепак можеме да се радуваме барем малку на она што ни преостанува од добар ноќен живот или излегувањето. Денеска ќе зборуваме на тема “Нарачување на шанк” и како еден господин или џентлмен треба да го прави тоа. Има некои правила, и без разлика дали ви се допаѓаат или не, морате да ги почитувате. Не заборавајте, прав џентлмен внимава на се.

  1. НЕ ОДЕТЕ ПРЕКУ РЕД

Ова е основно правило имислиме дека не треба да ве потсетуваме. Ова е добро утро во правилата. Бидете секогаш џентлмени и чекајте си во ред на шанк.

2. КАВАЛЕРСТВОТО ОСТАВЕТЕ ГО ЗА НА ДРУГО МЕСТО

Кавалерството е ознака на големите џентлмени, но кога сте на шанк, заборавате на тоа правило. Ако ги препуштате луѓето пред вас, ома ќе сфатат сите дека сте најдобриот маж во барот и сите ќе ве злоупотребат. Затоа оставете го кавалерството, не одете преку ред, ама не ни пуштајте некој пред вас. ОК, ако има некоја згодна дама, пуштете ја. Но, само неа.

3. СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ШТО САКАТЕ

Кога сте на шанк, нема многу мислење. Времето за нарачки е кратко, а доколку се мислите поради гужвите се крева нервозата. Затоа додека чекате во ред, пресечете што сакате.

4. НЕ КОРИСТЕТЕ ТЕЛЕФОН НА ШАНК

Можете да користите по нарачување, ама да не го почитувате барменот тоа не е добро. Оставете ги емаил пораките или пораките до симпатијата. После ќе пишувате. Тоа е некултурно.

5. СЕКОГАШ ГЛЕДАЈТЕ ВО ОЧИ КОГА НАРАЧУВАТЕ

Вистински џентлмен секогаш им оддава почит на сите со кои говори без разлика со кој говори.

6. НАСМЕВНЕТЕ СЕ

Насмевката е одговор за се. Таа е решение за нервозниот бармен кој е полуден на шанк. Многу работа ќе направите доколку се смеете. Моќта на насмевката е огромна.

7. БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Секогаш кога сте на шанк, извадете ги парите или новчаникот и не губете време за плаќање. Особено доколку ја знаете цената на она што го нарачувате. Секоја секунда е драгоцена на барменот.

8. НАПРАВЕТЕ МУБАЕТ СО ЛУЃЕТО ОКОЛУ ВАС

Вистински џентлмен знае да направи муабет со останатите околу него. На шанк се прави муабет, не се ќути. Тоа е непишано правило, кое може да ве однесе до нови пријатлства, но и до нова симпатија за добар провод вечерта.

9. БИДТЕ УМЕРЕНИ

Кога се работи за муабетот, не форсирајте ако гледате дека другите не се нешто комуникативни. Прав џентлмен не е наметлив, тој е умерен, суптилен и знае да се повлече кога треба.

10. ШТОМ ЗЕМЕТЕ ПИЈАЛОК, НАПУШТЕТЕ ГО ШАНКОТ

Во баровите шанкот се избегнува за седење. Правилто за шанк е дека таму нарачуваш и го оставаш просторот на останатите. Многумина обожаваат шанк, ама не во клубовите.

ПРОЧИТАЈТЕ КОЈА Е ОДЛИКАТА НА ВИСТИНСКИТЕ ЏЕНТЛМЕНИ

Leave a Reply

Your email address will not be published.