Умереноста е една од базичните етички вредности во многу филозофски системи, а се смета и за главна одлика на вистинските џентлмени.
Понекогаш е тешко да се дефинира што навистина значи умереноста и што се подразбира под епитетот „умерен“.
Ви откриваме неколку илустрации на умерен маж или џентлмен:
- Не пренаглува со реакциите
Вистинскиот џентлмен не пренаглува со реакциите. Во неговите реакции се секогаш пропорционално дозирани емоциите, ставовите и вредностите.
Тој никогаш нема да си дозволи афективно однесување, туку е секогаш сталожен и разумен.
- Задржува дел од импресиите за себе
Вистинскиот џентлмен не е оној што не се импресионира од нештата околку себе, туку оној што успева да задржи дел од импресиите во себе.
Тој ќе ја прикаже импресијата како експресија и ќе даде личен печат на секоја случка која емотивно или естетички го ангажира.
Постои усогласување во телесните и вербалните експресии
Не ги користи пречесто рацете, во недостаток на зборови. Неговите телесни движења се во целосна согласност со неговите зборови.
- Се изразува мелодично
Не зборува во амплитуди. Тонот на неговиот глас е секогаш во контекст на тоа што го кажува.
Има мелодичност во изразувањето и не „пречи“ на увото при слушање.
- Се дистанцира од центарот на случувањата
Не сака по која било цена да биде во центар на вниманието, напротив избегнува да се експонира и да биде лидер во друштво.
Делува паметно, дозирано и од сенка. За него може да се каже дека е „лидер од сенка“ и дека има целосна контрола над тоа што се случува околу него.
Доколку излезе конфликт сите ќе му се обратат токму него за „спас“ на ситуацијата.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com