12 Модни совети кои ќе ви помогнат секогаш да блескате

Стилистите ширум светот од година во година стануваат сè попопуларни, а особено во Холивуд, во центар на вниманието со нивните модни експерименти и стилот на многуте актери, како и луѓето од шоу бзинисот.

Машкото списание GQ влегува под кожата на еден таков стилист и излегува со неколку модни холивудски совети од прва рака, кои ќе ви помогнат да изгледате добро не само во костум, туку и во фармерки.

Токму затоа, во продолжение ви прикажуваме 12 модни совети кои може да ви се најдат во секојдневниот живот:

  1. Не носете појас со костум! Дава обем и тоа ви прави да се чувствувате нелагодно.
  2. Не купувајте поголем костум! Ако се чувствувате премногу удобно во него, веројатно не е ваша големина.
  3. Внимвајте вашите панталони да не бидат премногу тесни, особено во делот на препоните.
  4. Треба да имате два прста под крагната на кошулата. Ако станува збор за повеќе од два прста, тогаш е премногу голема.
  5. Не заборавајте дека џемперот со јака, делува како шал. Можеби ќе ве спаси за време на студот, но нема да делува елегантно.
  6. Добра препорака е маицата да биде бела или сива и не премногу долга.
  7. Изберете заоблена наместо со V-форма. V-формата постепено излегува од мода, па затоа придружувајте се до тоа што е актуелно.
  8. Внимавајте какви маици со принт носите. Иако принтот знае да биде интересен, сепак многу често создава контра ефект, особено кога е долж целата маица.
  9. Изберете рамка за очила од во друго боја, наместо црни.
  10. Кога се фотографирате, не ги ставајте рацете длабоко во џебовите.
  11. Никогаш не раскопчувајте повеќе од две копчиња на кошулата, освен ако не сте рок-ѕвезда.
  12. Никогаш не носете чевли со квадратен врв.

Се надеваме дека ќе ви бидат од корист овие совети за да го подобрите вашиот стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published.