20 препораки како да го намалите стресот

Целото секојдневие и темпото на живот е стресно за секого. Сите си наоѓаат различни начини за опуштање, но не секогаш ги обираат вистинските, туку најбрзите, кои ги ослободуваат само моментално.

Кога сте под стрес најлесно ви е да обвинувате некого, но наместо тоа ви препорачуваме да направите други методи преку кои на лесен начин ќе го намалите стресот.

Во продолжение ви ги препорачуваме нашите 20 идеи како можете да го намалите стресот:

  1. Излупете портокал и почувствувајте го мирисот кој се шири.
  2. Читајте книга минимум 6 минути.
  3. Изедете авокадо бидејќи неговите нутритивни вредности го намалуваат крвниот притисок.
  4. Прошетајте низ шума или парк, гледајте во зеленилото.
  5. Излезете со пријателите, но без да зборувате за стресот.
  6. Слушајте класична музика.
  7. Дозволете си некоја масажа.
  8. Прегрнете драга личност.
  9. Танцувајте.
  10. Јавете се на драга личност и разговарајте за неа.
  1. Помислете на сè за што сте благодарни до овој момент.
  2. Вежбајте. Спортувајте.
  3. Испијте шолја зелен чај.
  4. Помислете на нешто што ве смее.
  5. Јадете риба која содржи Омега 3 масни киселини.
  6. Слушајте ги звуците на природата.
  7. Насмевнете се на оние кои ги среќавате.
  8. Наспијте се.
  9. Научете да медитирате.
  10. Напијте се сок од портокал

Leave a Reply

Your email address will not be published.