3 прехрамбени навики за долг и здрав живот на легендарниот Клинт Иствуд

Клинт Иствуд е еден од највпечатливите холивудски актери. Не само што глуми во филмови од 1955 година, тој е режисер и продуцент и на 92 години ја воодушевува публиката со својот изглед. Многумина се прашуваат како успева толку долго да изгледа толку добро.

Иствуд отсекогаш знаел нешто за да остане во добра физичка форма. Според една статија објавена во 1991 година во „Muscle & Fitness“, на околу 19-годишна возраст, тој почнал да крева тегови и ревносно да вежба. Тој со децении продолжил да вежба редовно и внимателно избира што ќе јаде секој ден, а неговите навики во исхраната се прилично рестриктивни и секако не се за секого, пишува порталот Eat This.

  1. Тој е фокусиран на тоа да има што помалку маснотии во телото

Во гореспоменатото интервју што го даде за „Muscle & Fitness“, кое сега може да се најде на интернет на Physical Culture Study, тогашниот доктор на Иствуд ги коментираше неговите навики во исхраната и рутината за вежбање. „Телесните масти на Иствуд се помалку од 10%,“ вели д-р Хари Демопулос, коментирајќи ја и исхраната на Иствуд во тоа време: „Иствуд одржува диета со малку маснотии и богата со протеини. Тој, исто така, посветува големо внимание на нивото на холестерол (неговиот татко, човек кој јадел месо и компири, починал на рана возраст од кардиоваскуларни болести).

  1. Избегнува јаглехидрати, вишок шеќер и алкохол

Според Health Fitness Revolution, избегнувањето додадени шеќери е најверојатно она што му помогнало на Иствуд да остане во добро здравје.

„Држете се настрана од јаглени хидрати, особено благо. Чувајте ја вагата во бањата. Одмори се добро. Обидете се да бидете оптимисти. Јадете овошје и суров зеленчук. Земете витамини. Прескокнете ги засладените пијалоци. Избегнувајте алкохол“, вели Иствуд.

  1. Тој навистина не јаде од задоволство

Во интервју за списанието Men’s Health, синот на Клинт Иствуд, Скот Иствуд, ја коментираше исхраната на неговиот татко: „Татко ми не јаде од задоволство“. „За појадок јаде лосос и кафеав ориз. Мислам дека и јас сум таков. Кога би можел да земам апче што ги има сите хранливи материи што ми се потребни за да можам да се откажам од храната, би го направил тоа“.

ФОТО: Flickr

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Отказ, да или не?!

Leave a Reply

Your email address will not be published.