4 бизнис предвидувања за 2022

Кога би се навратиле на минатата 2021 година, можеме да кажеме слободно дека беше една интересна година. Тешка, пред се, поради Ковид пандемијата, но интересна во споредба со 2020 година, кога бевме буквално заклучени. Кога зборуваме за интересна, ќе се осврнеме на бизнис фактите, не само кај нас, туку и глобално. Бевме сведоци на големи компании кои ги зголемуваа своите профити, но се повеќе бевме сведоци на компании кои пропаѓаа, компании кои менуваа директори и сопственици. 2021 година беше навистина тешка и многу бизниси ги донесе на колена пред банкротот. Инфлацијата си го направи своето. За жал.

Нема да останеме во 2021, бидејќи веќе сме во 2022. На крајот од денот, минатотот не носи добри работи, ние сме сведоци за тоа. Затоа да се насочиме кон иднината. 2022 година, како и секоја година носи позитивни размислувања и нови можности. А, како стои и нови Ковид рестрикции. Искрено според некои доктори низ светот, ова е последната сила на Ковид19 и дека се очекува да заврши оваа година. Сето тоа ќе влијае на бизнисот и работењето и затоа во 2022 и во овој текст ќе се насочиме на трендовите, на што ќе расне, а што ќе паѓа. Кој ќе добие, а кој ќе изгуби? И како сето ова може да влијае на тебе.

НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЌЕ БИДАТ НАСОЧЕНИ КОН ЖИВОТНИОТ ВЕК УШТЕ ПОВЕЌЕ

Очигледно е, дека после две години пандемија инвеститорите ќе бидат насочени кон некои индустрии, како што биотехнологијата, фармацијата и животната средина. Тоа е одлично за науката, но и за човештвото. Но, долгорочно, мислиме дека интересот на парите, ќе ги направи инвеститорите зависни од кризи и пандемии. Ќе видиме.

БЛОКЧЕЈНОТ ИЛИ КРИПТО ВАЛУТИТЕ ЌЕ БИДАТ НАСЕКАДЕ

Сите кои купиле од претходно, оваа 2022 ќе биде одлична за нив. А, за оние кои сеуште не веруваат или не ни слушнале, време е оваа година да навлезете малку повеќе во тоа. Во 2021, повеќе од 6.6 милјарди долари се инвестирани во крипто валути во 2021. Тоа е за 50% повеќе од 2020 година. Оваа година предвидувањата се дека ќе се инвестираат преку 20 милјарди долари.

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ПРЕОВЛАДА ВО 2022

Со воведувањето на 5Г се зголемува и олеснува протокот на информации и со сето тоа се олеснува патот кон владеењето на вештачката интелигенција. Тоа е нешто кое според многумина ќе биде двигател во 2022. Можеби нема да биде рамномерно насекаде распространета, но како и се во животот, во одредени држави сето тоа ќе биде воведено. Имаше еден постар човек, кој еднаш ми напомена, дека човекот сам себе ќе се уништи. Тоа е за жал иднината.

Изминатата година се појавија доста компјутери полни со ВИ, и видовме дека многу можат да направат.

6Г ЌЕ ЗАВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ

Иако ние сеуште го чекаме 5Г кај нас, во светот веќе се размислува и тестира 6Г и тоа од 2018 година навака. Америка инвестира енормно големи пари за развој на овој сектор. Тоа според нив е најмногу поради сообраќајот кој го прави на интернет, работејќи од дома, и проблемите кои се појавуваат со интернетот поради онлајн состаноците и останатите податоци.

Иако има многу пробелми, каде особено се гласни Ербас и Боинг, поради проблемите кои се јавуваат врз работењето на авионите, сепак ова е иднината и ова е добра инвестиција за секој од вас во 2022.

БОНУС ОД НАС

Искрено во 2022 година ќе се случи една многу важна работа. Според нас можеби и најважна. Глобално, грижата за животната среднина кај луѓето ќе биде приоритет. Тоа некако сме најсигурни. Имајќи во предвид дека 20 степени се измерени во Дубровник на 02.01.2022, и дека целата планета е некако отидена у к..ац.

Ќе се збори многу годинава, и ќе мора да се делува доколку сакаме да преживееме сите, и да не дозволиме да се стопи нашата планета.

Чувајте ја, сакајте ја, не фрлајте ѓубре, и запомнете секоја промена започнува од вас!

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 10 работи кои успешните ги прават во слободно време за викендите

Leave a Reply

Your email address will not be published.