4 најкористени козметички препарати кај мажите

Некој да не прашал пред неколку години што козметика користам, ќе сме му се згазеле од смеење. Се освен туширање, би звучело пресмешно. Пет години од отга, многу се променети работите. Па така, веќе не е срамота еден маж да користи препарати за хидратација на кожата. Не е чудно ни ако ве интересираат пилинзи. Или пак филери.

Еве кои 4 препарати во основа ги користи еден маж.

1. Крема за сончање со фактор SPF

Кремата за сончање одамна престана да се користи само на плажа. таа стана дел од секојдневието. Штетноста на УВ зраците е огромна, и убаво е да користите во секојдневните излегувања, без разлика дали одите на работа, на спортување. За оние со осетлива кожа се препорачува крема без парфеми, природни креми кои се минерални. Мачкајте и на вратото и до косата. Дебели слоеви, кои ќе ги втриете убаво.

2. Производи за хидратација

Иако ова можеби ви звучи како женска работа, вистината е дека овие производи се потребни на мажите. Колку е машката кожа потврда и помасна, потребна и е хидратација. Освен тоа, ублажете го и успорете го страеењето на кожата преку овие препарати.

3. Креми и глеови за околу очите

Ненаспан изглед и отечени капаци се нешто кое лесно можете да го решите со нанесување на специјални гелови и креми за нега на очите. Благодарејќи на овие препарати, не треба да одговарате на прашања што сте правеле вчера и зошто така изгледате.

4. Коректор

Дојдовме до производот кој е табу тема, бидејќи се работи за шминка. Меѓутоа, и тенок, неприметен слој на коректор ќе ви даде самодоверба. Освен тоа, мажите на кои се восхитувате и кои ги гледате на ТВ, мислите дека се навистина беспрекорни како што изгледаат?

Leave a Reply

Your email address will not be published.