5 машки правила за негување на кожата за време на летото

Како доаѓаат топлите денови, така се повеќе носиме помалку гардероба на нас и често забораваме да водиме грижа за нашата кожа. Додека поминуваме време на плажа или базен, додека се занимаваме со спорт, да ставате крема на вашето лице можеби не ви паѓа на ум. Сонцето е тоа од кое најмногу треба да се штитиме за време на летото. Секако дека со помош на различни креми за сончање кои имаат фактор во себе може да се заштитите.

Дали знаете што значи бројката на кремите за сончање или фактотор? Тоа значи колку време можете да седите на сонце. Ако сакате да останете на сонце два ипол саати, што е 150 минути, тогаш ќе земете фактор 15-ка. Кремата за сончање, нанесете ја половина час пред да излезете на сонцето и потоа мачкајте се на секои два часа. Сепак, кремата за сончање не е единственото нешто што ви е потребно за во летниот период.

  1. Чистете го лицето со квалитетно средство и вода  два пати на ден. Избегнувајте обичен сапун бидејќи тој ја суши вашата кожа. Користете средства кои ги содржат витамините A, C и E
  2. Отстранувајте ги мртвите ќелии на кожата со што ќе го одржите нејзиниот сјај. Правете пилинг на лицето секој трет ден или барем еднаш неделно.
  3. Редовно коиристете крема за хидратација на кожата со фактор 15. Ова ќе ја направи вашата кожа влажна и ќе ја регенерира.
  4. Намалете го бричењето на минимум. Пробајте што помалку да се бричите за време на летниот период. Обавезно користите aftershave кој е на природна основа.
  5. Хранете се здраво. Ова е особено важно за кожата и тоа во летниот период. Конзумирајте овошје и зеленчук бидејќи тие се најдобрите антиоксиданси кои ја штитат кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.