Низ годините се појавија совршени стилски модни икони во светот на мажите кои и ден денеска се пример на многумина. Тие модни икони, или мажи со стил претставуваат вистински џентлмени, за кои ќе се зборува уште многу години. Она што ги отсликувало сите нив е нивниот стил и облекувањето, но и манирите кои ги правеле посебно уникатни во јавноста.
Сигурно сте свесни дека секој маж има некој свој рол модел, или црпи некоја си инспирација од некој џентлмен. Ама баш секој го има тоа. Така и ние.
Доколку барате некоја инспирација или пак рол модел ви ги претставуваме 5-те најстилски мажи на 20 век според Џентлмен Магазин.
Џани Ањели
Еден од најголемите модни икони и легенди кои постоеле. Таткото на ноншалантниот изглед. Џани Ањели бил фраер по кој лудувал целиот свет. Адвокатот како што го викале, бил миленик на жените, а паѓале и жените на американските претседатели, на пример Џеки Кенеди.

Стив Меквин
Стив Меквин бил синоним за онаа урбана мода. Маж со стил, бунтовник по карактер, и секогаш двоел во јавноста. Стив меквин, замислете за него се креирани посебни очила за сонце кои ден денеска се најмодерни во светот. Моделот на Персол. Е тоа бил Стив Меквин.

Пол Њуман
Типичен мачо фраер. Бунтовник, љубител на автомобилите, на моторите. Порано бил и тркач. Неговиот стил бил уникатен и различен, секогаш на место, но посебно во ставот кој го имал. Пол Њуман бил голем миленик во светот.

Ален Делон
Франсука елеганција која остави трајни белези во модата кај мажите. Имаше изграден уникатен и препознатлив стил на тегет или црно одело со бело кошула. Тоа остана негов трејд марк, кој многу мажи го обожаваат да го носат. Неговиот медитерански шмек е сеуште препознатлив насекаде во светот.

Аристотелис Оназис
Грчкиот тајкун и еден од најбогатите луѓе во светот, бил маж кој имал свој уникатен стил. Секогаш дотеран, секогаш скоцкан. Он бил жив пример како убавината нема врска со стилот кај еден човек, но имал харизма која била надалеку позната и слушната. Миленик бил на жените насекаде.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Кои македонски актери важат за големи фраери?!