5 начини да покажете дека џентлменството сеуште постои

Сигурно во последно време сите сте слушнале за гласините дека полека изумираат вистинските џентлмени. Господа, ако мислите дека џентлменските манири се само за во моментите кога сакате да добиете некоја девојка, тогаш треба да ги преиспитате вашите џентлменски приоритети. Да се биде џентлмен не е нешто што треба да се практикува или да не се практикува во зависност од ситуацијата, тоа е начин на живот. Па затоа ви препорачуваме да ја прочитате оваа листа од 5 начини да покажете дека џентлменството сеуште постои и овие неколку начини треба да ги применувате кај вашите пријателки, вашата мајка, роднини или пак кај вашата девојка.

Да покажеме дека џентлмените не се изумрени!

Врати, столчиња, џадор или јакна. Ова се само дел од моментите кои што ве издвојуваат од маж и џентлмен.

Однесувајте се правилно за време на вечерата. Чашата и е празна? Наполнете ја! Вашата храна пристигнала, а нејзината не? Почекајте ја!

Изгасете го мобилниот. Без разлика дали сте на пијачка или шетате некаде, исклучете го вашиот телефон и дајте и го целото внимание.

Запомнете ги важните датуми. Без разлика дали станува збор за важен испит, интервју за работа или некој заеднички датуми, секогаш пишете барем една порака или јавете се!

Испратете и цвеќе кога најмалку очекува. Вредноста на букетот во моменти кога најмалку очекува, неможе да се измери со ништо.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 17 начини како да бидете посакува џентлмен

Leave a Reply

Your email address will not be published.