5 пијалоци кои секој џентлмен треба да ги има дома

Дали знаете дека бурбонот е популарен многу повеќе од било кога до сега. Дали знаевте дека популарноста ќе продолжи да расте во текот на следните пет години од било која друга пијачка. Ова е во согласност со The Spiritsbusiness.com со седиште во Лондон. Како статус, друштвата го пренасочија вниманието од водка на кафените пијалоци, бурбонот им фати око на повеќето, благодарение на успешните приказни како Pappy Van Winkle, Angels’s Envy и други. Продажбите се очекуваат да продолжат со растот околу 20% до 2018.

Jim Beam Bounded Kentucky Бурбон – Дефинитивно виски од Jim Beam фамилијата на почеток е благо и јако со допири од карамела, чоколадо, ванила и кафе. Бара навикнување ако не сте многу отпорни на јак алхохол, но кога ќе се навикнете ќе осетите одлична мешавина од благ, тревкаст и лешников вкус со многу сушени овошја и зачини.

Grey Goose Cherry Noir – Супер премиум водка на бакарди, создадена во Коњак, регион во Франција. Во Мај 2012 ја видовме промоцијата на првиот нов вкус на брендот во последните пет години, од цреша. Направена е од најдобрите црни цреши, Grey Goose Charry Noir ни нуди кобинирана арома на свежи цреши и слатки црвени плодови со темни овошни вкусови и слоеви на зачин. Резултатот е: софистициран, сензуален вкус на водка.

Ballantine’s – Ballantine’s Finest е најстариот рецепт во сегашниот опсег, создаден во 1910 од страна на Ballantine’s фамилијата. Постојат повеќе од 40 зрна и сладови во оваа мешавина. Овие се внимателно избрани од четири различни региони во Шкотска. Овој пијалок се каректизира со мека, елегантна арома со навестување на зачин. Добро балансирани суптилни вкусови со тонови на млечно чоколадо, црвено јаболко и ванила. Одкако ќе го пробате, добивате софистициран вкус, свеж, цветен и блескав сјај.

Captain Morgan – Captain Morgan белиот рум е спирит пијалок, добиен од тајната мешавина од румот од Карибите со весели зачини и други природни вкусови. Има кулибар боја од стареење на румот во јагленисано, бело дабово дрво. Captain Morgan прави совршен микс доколу се помеша со кока кола, тајниот рецепт на зачини се вклопува со кока кола и се создава легендарниот микс. Не заборавајте да исецкате парчиња свеж портокал.

Four Roses 2014 Limited Edition – Свеж каранфил, нане, цимет и какао се мешаат со ванила, карамела и јаворов сируп. Полираниот даб, остава да се балансираат слатките, овошни тонови. Повеќе даб и сушени зачини кога ќе се споредат со изданието од 2013 година, кога ова виски беше прогласено за Американско виски на годината, сеуште не го достигнува тој калибар. Овој пијалок не е толку лесен за пиење, но е прекрасен. Многу импресивно.

ФОТО: Unsplash, Ralph Darabos

Leave a Reply

Your email address will not be published.