6 совети за да го зачувате здравјето на очите

Работата на многу луѓе им е поврзана со компјутер, а многу често се случува некои луѓе и по работното време, работата пред екран да си ја продолжат и дома.

Секако сите луѓе кои се соочуваат со ваква ситуација се свесни дека тоа е штетно за очите и за видот, но едноставно немаат избор. Се разбира дека не треба да престанете да ја работите работата, но можете да се обидете да го намалите негативниот ефект и колку-толку да се заштитите.

Погледнете кои се правилата до кои треба да се придржувате ако сакате да го одржите видот во нормала:

1. Промена на фокусот

Постои една вежба „10-3-10“ која секој што работи многу пред монитор треба да ја повторува секојдневно. После секои 10 минути, погледнете во далечен предмет барем 3 метри од вас. Држете го погледот на тој предмет 10 секунди, дишејќи правилно и трепкајте.

2. Не работете на компјутер во мрак

Просторијата секогаш мора да биде добро осветлена. Ако работите на компјутер во мрак, тоа штети на вашата периферна визија.

3. Правилно поставете го работниот стол

Ставете го таму каде што ќе можете да ја видите најдалечната точка од собата. Исто така, не го поставувајте вашиот компјутер или монитор блиску прозорецот, бидејќи создава стрес за очите.

4. Не смее да има рефлексии од мониторот

Обидете се да ја елиминирате светлината што се рефлектира од мониторот.

5. Едноставни вежби со трепкање

Трепкајте нежно и брзо 20 пати без да ги притиснете очните капаци. Вашето лице мора да биде опуштено. Откако ќе трепнете 20 пати, затворете ги очите и одморете неколку моменти.

6. Правилно трепкање

Здраво око, нормален притисок на окото, трепка 10-12 пати во минута, приближно на секои 5 секунди. Доколку не трепкате правилно, очите брзо се заморуваат.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Аксесоари за мажи кои ќе доминираат оваа сезона

Leave a Reply

Your email address will not be published.