6 начини како да направите позитивни промени во 2022 кај секој од вас

Една од големините кај луѓето е да знаат да направат промена кај себеси. Епа ајде нека биде така во 2022 година. Како што имаме кажано и претходно, промените започнуваат од секој од нас. И верувајте убаво ќе се чувствувате. Затоа што позитивната промена ќе придонесе вие да се чувствувате многу подобро и продуктивно. Пробајте ќе видите. И не заборавајте, позитивната промена кај вас, значи позитивна промена и енергија и кај луѓето околу вас. Еве 6 начини како да направите позитивни промени во 2022.

ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛИ

Поставете си краткорочни, квартални и годипни цели, кои ќе ви дадат мотив. Планирањето на ефективни цели во животот го фокусира вашиот мозок и активира ретикуларниот систем, и цела една мрежа на неврони кои ќе ви помогнат кон остварување на целите. Со тоа ќе бидете дефинитивно позитивни намсеани и чувството по реализираните цели ќе биде преубаво.

НАГРАДЕТЕ СЕ СЕБЕСИ

Наградувањето дава мотив за секој цел на патото кон промените. За секоја краткорочна цел која ќе ја реализирате кон патото на долгорочните, купете си нешто. Така ќе имате задоволство во она што го правите, а и ќе ви биде мотив во вашите цели.

СТАНУВАЈТЕ ПОРАНО

Станувањето порано не е клише, туку напротив е повеќе време за вас. Знаеме дека времето е најскапо или нема цена, и токму затоа треба да го искористиме максимално. Доколку започнете да станувате барем еден час порано од она што сте станувале досега, ќе направите многу. Во тој час имате време за краток 30 минутен џогинг, за проештка на вашиот миленик, за вежбање дома или надвор, ќе имате и време за сам со себе. Пробајте, на вашата среќа ќе и нема крај.

НАПРАВЕТЕ АНАЛИЗА НА ВАШИТЕ ПОГРЕШНИ ЧЕКОРИ

Идентификувајте го вашето однесување низ годините наназад и направете анализа што е она што било добро, а што е она што треба да го исфрлите. Тоа е една позитивна промена кај вас. Со тоа ќе бидете еден чекор понапред, ќе ги препознавате потенцијалните ризици и како да ги надминете, со што ќе си го олесните патот кон новите цели и предизвици.

БИДЕТЕ ЉУБЕЗНИ

Љубезноста е одлика на големите луѓе, на џентлмените. Затоа бидете љубезен. Дури и кон оние што не заслужуваат баш. Со тек на време, ќе видите дека со тоа што сте љубезни, на вашата душа ќе ви биде поубаво и чувството е незаменливо.

СОВЕТУВАЈТЕ, НЕ НАРЕДУВАЈТЕ

Доколку работите со тим кој е под вас, научете една техника или тактика, дека не треба да им наредувате, туку да ги советувате. Бидете пријател со нив. Иако има граница за тоа до каде можете, сепак не дозволувајте да бидете од оние што ќе наредуваат и авторитетот ќе го градат на таа основа. Со советување на тимот, како до подобра и поодговорна работа, така до поголем успех.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 4 бизнис предвидувања за 2022

Leave a Reply

Your email address will not be published.