Сведоци сме дека џентлменството е во фаза на изумирање, а токму затоа ние се трудиме да ги задржиме вистинските манири и да ги воздивнеме мажите кои обрнуваат внимание на вредностите кои секој џентлмен треба да ги поседува. За да го популаризираме џентлменството, ја организираме и нашата емисија Џентлмен Магазин која овие две години стана дел од вашето секојдневние.
Но, кога се зборува за терминот џентлмен честопати се прават грешки. Многу мажи често мислат дека со тоа што се добри мажи спаѓаат во категоријата на џентлмен, што всушност не секогаш е вистинито. Да бидеш џентлмен подразбира многу повеќе од тоа да кажеш ги кажеш волшебните зборови „благодарам“ и „те молам“. Оваа карактеристика не е толку површна како што ја разбираат поголем број од мажите.

Да бидеш џентлмен значи да се гордееш со својата самодоверба, но воедно да покажуваш почит и за другите. Самодовербата и самопочитувањето во овој случај не вклучува мускулесто тело, трегери и цигара.
Џентлмен не се станува преку ноќ, за тоа треба долгогодишна пракса. Ако сакате да бидете индивидуа вредна за почит, личност која е полна со себе до степен да предизвикува восхит, обидете се да ги практикувате следниве неколку нешта.
- Никогаш не зборувајте како некој што не сте. Не зборувајте на некој чуден сленг или пак со глас кој мислите дека е неодолив. На крај ќе изгледате смешно. Ако зборувате со својот природен глас тогаш ќе ја покажете својата мажественост и сигурност. Оставете впечаток дека сте горди на она што сте.
- Слушајте додека другите зборуваат. Не треба секогаш да бидете во центарот на вниманието. Џентлменот секогаш дава предност на другите, дури и да не се солгасува. Што повеќе слушате, толку повеќе имате време да дадете соодветен одговор.
- Имајте манири. Не ја потценувајте важноста на учтивите зборови. Со тоа повторно покажувате почит и ја отфрлате себичноста како ваша особина. Исто така, покажувате дека имате искрена почит за сите во вашиот близок круг. Не се обидувајте да бидете лошо момче кое не е љубезно. Тие баш и немаат онаква моќ каква што мислите.
- Не се фалете премногу. Никој не сака маж кој без престан зборува за себе. Кога некој ќе ве праша како ви е на работа немојте одма да правите елаборат за тоа колку сте успешни и надарени.
- Не користете пцости. Потрудете се да не ви се случува често. Пцостите укажуваат на тоа како сте негативна, некултурна и несигурна личност. Тие ја нарушуваат и вашата интелигенција, па затоа трудете се да избегнете сè што не ве прави вредни за почит.
- Бидете храбри и носете важни одлуки. Направете неверојтано важна одлука многу брзо. На пример: од самец до оженет маж за само една недела.
- Обрнувајте внимание на ситниците. Секој џентлмен треба да вниманива за она што е за некого „ситница“. Прост пример: одење на кафе и оставањето бакшиш за љубезниот келнер е џентлменска особина. Ситниците менуваат.