Сигурно не сте ги знаеле: 15 факти поврзани со понеделник

Понеделник е единствениот ден во неделата кој ја носи етикетата „најомразен“ ден и луѓето ширум светот најчесто имаат негативно мислење за овој ден. Но, ова може да се смени. Без разлика дали одите на работа, училиште, факултет, или правите нешто сосема различно, сепак вие можете да да го направите овој ден да биде ваш омилен во неделата.

Фото: Понеделничка атмосфера / Енвато Елементс

Токму затоа, ви претставуваме 15 „помалку познати“ факти околу понделеникот кои можеби досега не сте ги знаеле.

  1. Во понеделник доцните на работа? Не е ваша вина, студиите покажуваат дека дури 50% од вработените доцнат на работа во понеделник.
  2. Секој понеделник повеќе стрес доживуваат луѓето кои имаат повеќе од 40 години. Според научните истражувања, помладите не се толку опседнати со „понеделничкиот стрес.
  3. Најдобриот начин да се победи понеделничката депресија и напнатост е со секс или пазарување – според сите истражувања луѓето кои неделата ја започнуваат со секс или пазарување истата им поминува подобро.
  4. Поголемиот дел од луѓето, во понеделник не се насмевнуваат дури до 11 часот наутро –  ако сте нерасположени и депресивни, не се грижете воопшто, бидејќи не сте единствени.
  5. Во светски рамки, најголемиот број срцеви удари се случиле токму во понеделник. Главната причина за ова е паниката и стресот која луѓето ја имаат на работното место.
  6. Освен што се случуваат срцеви удари, „неславен“ факт за понеделникот е и тоа што најголемиот број на самоубиства се случиле токму овој ден од неделата.
  7. Според сите истражувања, луѓето се најмалку продуктивни во понеделник.
  8. Доколку се мерите, најмногу тежите во понеделник. Ова до некаде е и логично водејќи се по тоа дека луѓето за време на викендите најмногу лежат и консумираат храна.
  9. Терминот „понеделник“ доаѓа од латинскиот збор ‘dies lunae’ кој во превод значи ден на месечината. За компарација, недела е термин на сонцето.
  10. Ако купувате автомобил – купете го во понеделник. Тогаш шансите да добиете попуст за автомобилот се доста големи. Се смета дека продавачите тогаш се депресивни и преокупирани со мислата што побрзо да го продадат автомобилот.
  11. Кога сме веќе на тема економија, акциите на американската берза најмногу растат секој понеделник. Иако има исклучоци, понеделникот е добар старт за тргувачите на берза.
  12. Студиите покажуваат дека што и да направите, вие ќе бидете помалку атрактивни во понеделник.
  13. Причината за вашата „ненаспаност“ во понеделник е „мамурлакот“ од викендот зад вас.
  14. Чудно правило, кое е сосема различно од претходните е дека најмалку врне дожд во понеделник.
  15. Во понеделник најчесто работниците на работодавците им велат дека се болни.
Фото: Понеделничка атмосфера / Енвато Елементс

Сепак, најлесно е да поминете покрај овие факти и дека покрај сѐ треба да ја гледате светлата страна на понеделникот. Имајте убав работен ден!

Leave a Reply

Your email address will not be published.