Apple започнува сериско производство на автомобили од 2024

Компанијата Apple започнува сериско производство на автомобили од 2024 година. Оваа вест позитивно ја разбранува јавноста. Според информациите во јавноста Apple ќе влете во соработка со Тојота, и токму они ќе ги произведуваат за Apple автомобилитите, а они ќе работат на дизајнот и технолошкиот развој.

Претходно оваа година, се зборуваше дека Hyundai е потенцијален производител, но договорите меѓу двете компании наводно не вродиле со плод. Apple, пак, не се откажува, но сепак планира да го лансира својот електричен автомобил во масовно производство, во 2024 година. Сега нивните претставници се во уште една рунда преговори во Јужна Кореја и Јапонија.

Во последните денови, Panasonic, LG, Samsung и SK Innovation, наводно, ја посетија Кореја, првенствено во обид да организираат производство на батерии, кое, еден од горенаведените, би ги „склопувал“ според дизајнот на Apple. Тие, наводно, развиваат нови дизајни на батерии кои радикално ќе ги намалат трошоците за производство, додека капацитетот ќе биде поголем. Еден извор неодамна го спореди овој тип батерија и неговата иновација со iPhone, наведувајќи дека тоа е сосема ново ниво – скок што iPhone го донесе во светот на мобилните телефони.

Двајца врвни инженери, ветерани од автомобилската индустрија од Mercedes-Benz, изминатиот период успеаа да се префрлат во Apple, каде работат во група (т.н. Special Projects Group), која под превезот на тајност развива иден автомобил и се што е поврзано со него.

Со нетрпение очекуваме да видиме за што се работи, а знаејќи што се може Apple тоа ќе биде врвен дизајн и напредни технологии кои можат многу да придонесат за развој на елекртричните автомобили.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Оливера Ќирковиќ на овогодинешниот саем за книга

Leave a Reply

Your email address will not be published.