/

Четири типа на мажи според односот што го имаат со жените

Постојат голем број типизации за мажите по различен критериум и основа. Но се чини дека односот на мажот кон жена игра голема улога во дефинирање на неговиот идентитет.

Во однос на тоа каков е односот на мажот кон жената се издвојуваат 4 доминантни типови, изберете го вашиот!

black arrow sign on white brick wall
Фото извор: Unsplash.com
  • Ловец 

Ловецот е секогаш подготвен за акција. Него не го возбудува конкретниот однос со женското битие, туку самиот акт на додворување и предигра.

Тој може понекогаш и да се откаже од целосна реализација, бидејќи таа не му е важна.

Ловецот ужива да флертува, но не значи дека флертот ќе заврши со заедничко излегување на состанок. Тој едноставно сака „сексот“ да се случува на ниво на имагинација и игра!

  • Плен 

Овој тип на маж е попасивен за разлика од ловецот и најмногу го возбудува да биде предмет на нечиј интерес.

Никогаш нема да направи ништо за жената и најмногу го импресионираат жени кои со него ќе си играат на „свој начин“.

Не започнува прв флерт, ниту кани на состанок, додека тоа не го направи жената.

  • Предатор 

Жените ги гледа како свој триумф и веројатно води евиденција за тоа со колку жени спиел.

Предаторот може да се нарече и тип на „Дон Жуан“ бидејќи неговиот однос кон жената не е насочен кон неа, туку е насочен кон себе или може да кажеме е „себичен“.

Целата негова слика за себе ја креира врз база на тоа колку жени успеал да заведе и никаде не се задржал.

Предаторот најчесто се фали во друштво со неговата фаталност.

  • Еднаков 

Овој тип на маж секогаш има пред се пријателски однос кон жените и не се прославува како вешт љубовник.

Напротив тој ќе ја запознае прилично доцна својата прва и вистинска љубов и ќе се врзе со неа за до крај на животот.

Има исклучителна почит кон женскиот род!

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.