Дојде денот Ферари, италијанскиот производител на суперспортски автомобили, да го претстави својот прв семеен модел, со четири врати и поголемо растојание од подлогата. Тоа е супер SUV, но Италијанците се уште не сакаат да го класифицираат на тој начин.

Откако речиси сите премиум производители се наредија за да понудат супер теренци, пристигна Ферари. Сепак, како што се очекуваше, Ферари не претеруваше со SUV-манијата, туку го замисли својот голем модел како тркачки GT, го развлече за дополнителни врати и го крена од земја.
Така, за прв пат во својата 75-годишна историја, Ферари направи автомобил со четири врати, но тие се отвораат една спроти друга, како модел на Ролс Ројс, што на овој спортски кросовер од Маранело му дава примеси на престиж и уникатност. Задната врата се отвора под агол од 79 степени.

Purosangue (што значи чиста крв) е долг 4,97 метри, широк 2,03 m и висок 1,59 m, па нуди уникатни димензии и пропорции во целиот сегмент на луксузни супер SUV.
Освен различниот дизајн од другите ривали, она што сите нè радува е бескомпромисното возење. Под хаубата се наоѓа атмосферски V12 мотор со волумен од 6,5 литри.
Има 725 КС и 716 Nm, што благодарение на погонот на сите тркала му овозможува да достигне 100 km/h за 3,3 секунди, 200 km/h за 10,6 секунди, а не застанува до 312 km/h. Моторот врти до 8.250 вртежи во минута, а одличните возни карактеристики се надополнети со одличната распределба на масата (49:51).
Да, ова не е прво Ферари со погон 4х4, но е прво со помош за спуштање по нагорнина и прво со активен систем против превртување. Purosanuge може да се подигне на 183 mm од подлогата, а суспензијата се нарекува FAST (Ferrari Active Suspension Technology).
Ова е и најпрактичното Ферари бидејќи покрај четири врати и втор ред седишта нуди и багажник од 473 литри. И можеби најважно, Ferrari не ја ископира внатрешноста од другите модели во гамата, туку создаде сосема нов стил.

Нема централен екран, наместо тоа има посебни екрани за возачот и за патникот.
Цената се уште не е откриена, но некои италијански медиуми споменуваат почетна цена од 400.000 евра, пишува index.hr. Во Ферари, на прашањето за цената, само велат „на крајот на краиштата, тоа е V12 Ferrari“. Сметаме дека ова не е ни важно за потенцијалните клиенти, а камоли за клучни информации.