Дали климатските промени се причина што луѓето спијат се помалку?

Нова студија откри колку сериозно порастот на температурите го нарушува нашиот ритам на спиење. Зголемувањето на температурите предизвикано од климатските промени го скратува времето на спиење на луѓето ширум светот, а проблемот ќе се влошува до крајот на овој век ако човештвото не успее да ја исконтролира својата емисија на јаглерод диоксид, покажа неодамнешно истражување објавено во списанието One Earth.

До овој заклучок дошол тим истражувачи предводен од Келтон Минор од Универзитетот Копенхаген. Тие од 2015 до 2017 година собирале податоци од паметни алки за следење на здравјето и спиењето кои ги користеле 47.000 луѓе во 68 земји. Собраните податоци потоа биле споредувани со локалните временски услови.

Резултатите покажале дека невообичаено топлите ноќи, над 30°C, предизвикуваат луѓето во просек да спијат околу 14 минути пократко. Студијата открила и дека просечниот жител на светот сега губи околу 44 часа сон годишно. Ова губење на сонот е поврзано со фактот дека човечкото тело треба да се олади пред да заспие, а тоа е потешко кога температурите се многу високи.

Со комбинирање на податоци од различни климатски сценарија де покажало дека до крајот на 2099 година вкупното времетраење на изгубениот сон може да порасне на 50 до 58 часа годишно. Веројатноста дека ќе спиеме многу помалку од оптималните седум часа е се поголема како што растат температурите.

Покрај тоа, Кетон инор и неговите колеги забележале дека одредени групи на луѓе се поранливи од останатите, па ефектот на температурите врз сонот е значително поголем за жителите на земјите со пониски примања, како и за постарите мажи и жени.

Истражувањето покажало и дека луѓето не го промениле своето секојдневно однесување за да се изборат со недостигот од сон, односно не успеале да го надоместа со дремење преку ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published.