Спектакуларно, футуристички, опции „од иднината“: Apple ќе го претстави iPhone 14

Долго време се шпекулираше за iPhone 14 на Apple, а сега „протече“ информација дека новиот смартфон ќе биде претставен во вторник на 13 септември.

Извори блиски до компанијата открија дека Apple ќе го одржи настанот на 13 септември и дека потоа ќе го видиме новиот iPhone 14, освен ако компанијата поради некоја причина не одлучи да го промени постоечкиот план.

Покрај iPhone 14, односно четири модели, вклучувајќи ги стандардните iPhone 14, Max, Pro и Pro Max, Apple ќе го претстави Watch 8 со својата Extreme Edition верзија, подостапните Apple Watch SE 2, AirPods Pro 2 слушалките и нов iPad.

Со оглед на големиот број уреди, можно е Apple на крајот да одлучи да организира два настани, како што беше случајот во 2020 година. Тогаш ги видовме новите iPad и Apple Watch часовниците пред моделите на iPhone. Во тој случај, iPhone најверојатно би отсуствувал на настанот закажан за 13 септември.

Apple обично официјално ги најавува своите настани седум дена однапред, па може да очекуваме некои конкретни информации на 6 септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published.