Доаѓа лето: Како да ослабете без многу труд?

Доаѓа лето, па вишокот на килажа на многу луѓе е главен проблем. Но, понекогаш не е целта денот да го поминувате во теретана или да се чувствувате виновни, сепак најважно е рационално да го испланирате вашето слабеење.

Но, потребно е да имате неколку работи на ум заради кои без многу напор, ќе изгледате одлично:

  1. Почекајте 10 минути
    Научниците велат дека желбата да јадете нешто трае 10 минути и потоа си заминува. Тоа значи дека добро е да почекате 10 минути пред да јадете, а ако навистина не сте прегладнети, тогаш после тоа чекање воопшто нема ни да посегнете по фрижидерот.
  1. Не седете предолго
    Ова е добро познат факт – седењето е штетно за вашето здравје, па и за вашата желба да бидете во топ форма, бидејќи го забавува метаболизмот.
  2. Пијте вода
    Едноставно е, нашите тела често знаат жедта да ја заменат со чувството на глад. Затоа, кога ќе ви се пријаде, прво напијте се вода. Ако гладот не помине за 10 до 20 минути, тогаш седнете да јадете.
  1. Заборавете на газираните пијалаци
    Покрај тоа што се штетни за здравјето, поголемиот дел од нив се причина за вишок килограми, бидејќи содржат големи количини на шеќери.
  2. Не грицкајте
    Наместо да посегнете по грицките за да го задоволите апетитот, седнете на маса и јадете бавно цел еден оброк. Уживајте во секој залак.
  1. Протеините се ваши најдобри пријатели
    Протеините прават да се чувствувате најадени подолг период, па ако за појадок и ручек јадете оброци кои се богати со протеини, помала е веројатноста дека ќе јадете и обилна вечера.
  2. Ако сакате да вежбате, вежбајте кардио
    Нема потреба да кревате тегови, доволно е да вежбате кардио и да бидете во топ форма.
  3. Не го користете лифтот
    Наместо тоа, дома одете по скали.
  4. Заборавете на алкохолот
    Покрај тоа што го стимулира апетитот, алкохолот и дебелее. На пример, една чаша вино содржи 85 калории, а пиво дури и 150 до 200 калории. Најлоша опција, секако, се благите коктели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.