Џорџина блесна на црвениот тепих во Кан (ФОТО)

Џорџина Родригез, партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, синоќа за прв пат се појави во јавноста откако во април почина нејзиниот новороден син. Taa вчера дојде во Кан за да присуствува на премиерата на филмот Елвис на филмскиот фестивал и се појави на црвениот тепих за првпат по загубата на бебето.

Џорџина избра провокативен тесен фустан во сребрена боја и накит од дијаманти и смарагди. Гордо им позираше на фотографите и најде сила да им се насмее, а набргу по премиерата се качи во приватен авион и се врати дома кај своите деца.

Џорџина Родригез многу често се наоѓа на листата на најлошо облечени жени. По низата модни неуспеси, таа конечно успеа да ги воодушеви модните критичари и да добие одлична оцека за стилот. Ова е нејзино прво појавување по породувањето и трагедијата што го снајде семејството на фудбалерот и неговата партнерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.