FABUspot во East Gate Mall – Ново и поинакво Beauty доживување!

FABUspot парфимерија го отвори своето трето продажно место во Скопје, според највисоките стандарди во светот на козметиката.

Добро познатиот квалитет и богат избор на брендови, отсега и во East Gate Mall.

Познати како Anabella Beauty Spot парфимерии, кои оваа година се ребрендираа во FABUspot, уште од 2016 година ја докажуваат својата професионалност и ексклузивност, следејќи ги најновите трендови за убавина.

FABUspot нуди голем избор на познати брендови и висококвалитетни производи. Дел од секоја парфимерија се и шопинг асистентите, кои воедно се и консултанти на брендовите, со цел да ги упатат купувачите во вистинска насока при изборот на посакуваниот производ, според типот на кожата, потребата и желбата.

Во новоотвореното продажно место ќе искусите едно поинакво Beauty доживување. Новите услуги и понуди се само уште еден показател дека вашето задоволство и насмевка се најважен поттик и инспирација за FABUspot.

Зад FABUspot, познато како Anabella Beauty Spot, стои ORBICO, компанија која го создаде овој проект како резултат од љубовта и трудот на нивните инсајдери кои имаа за цел да креираат место каде сите љубители на козметика што сакаат да ја истражуваат убавината, да го сторат тоа во чекор со најновите трендови. Целта останува иста, сите ние да се чувствуваме удобно, пријатно и привлечно во својата кожа!

Новото продажно место на FABUspot во East Gate Mall се наоѓа на приземје, а во прилог погледнете како изгледа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.