Филмска препорака: Еден од најубавите филмови за љубовта

Поинаква перспектива на љубовните односи

Љубовта е тема и назив на многу книжевни, филмски, театарски, балетски остварувања и сл.

Но колку и да е безвременски и универзално актуелна тема и инспирација, се чини дека за секој од нас таа претставува мистерија.

Пристапите кон љубота се различни и на индивидуално и на епистемолошко ниво. Бидејќи многу зависи дали на љубовта ќе пристапиме од религиска, етичка, сенсуалистичка, емпириска, историска гледна точка.

Сепак и покрај голем број на филмски остварувања кои се класифицираат како ромаси во филмскиот жанр, ние ви предлагаме три филмови кои ќе ви дадат сосема поинаква перспектива и доживување на љубовта од класичните „романтичарски“ приказни.

  • Краток филм за љубовта на Кшиштов Киешловски

Краток филм за љубовта е полски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Писјевич.

Главните улоги ги играат: Олаф Лубашенко, Гражина Шаполовска, Пјотр Махалица, Стефанија Ивинска, Артур Барцис и Малгоржата Рожњатовска.

Младото момче Томек (го игра Лубашенко) работи во поштата, а живее како потстанар кај постара жена (ја игра Ивинска).

Тој ја набљудува убавата Магда (ја игра Шаполовска) која живее во зградата спроти неговата, а исто така, прави разни обиди за да биде во нејзината близина: се вработува како разнесувач на млеко, ѝ праќа лажни покани за прием на пари во поштата, итн.

На крајот таа го забележува нејзиниот обид да биде дел од нејзиниот живот и почнува да му посветува внимание, но тогаш Томек ќе се ослучи за самоубиство…

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.