HUAWEI повторно нѐ изненади! Извонредниот nova 9 е must-have за секој модерен корисник!

На наше големо задоволство го добивме на користење новиот модел Huawei nova 9 и можевме лично да се увериме за што станува збор.

Елеганцијата на неговиот надворешен изглед уште веднаш ни го остави првиот впечаток, а отпосле се уверивме и за многу други работи поврзани со овој телефон.

Во денешено време, една од најважните работи на секој купувач е камерата, па токму затоа почнавме од тоа. Кога станува збор за уред на Huawei секогаш имаме високи очекувања за камерите, но овде бевме целосно изненадени. Овој телефонски уред има пет камери, односно четири на задната и една на предната страна. Главната камера има 50 мегапиксели и доловува значајни детали, а бевме зачудени од исклучително високиот квалитет на фотографии во ноќни услови. Другите камери само ги усовршуваат сликите. Помагаат за да фотографирате пејзажи, да направите одлични панорами, но една од камерите значајно помага и за правење портрети и слики одблиску. Предната камера на овој телефон има 32 мегапиксели со кои го прави квалитетот на сликите неспоредлив со другите конкуренти.

Овој уред по многу работи потсетува на својот претходник nova 8, но во многу покомпактна и помодерна варијанта. Телефонот е со ултра тенок дизајн од само 7,77 мм, должина од 160 мм  и 73,7 мм ширина. Неговиот заоблен дисплеј од 120 Hz само придонесува за перфекцијата и елеганцијата на овој телефон. Тежината е 176 грама и е сосема соодветна за ваквите перформанси.

Екранот е со големина од 6.57 инчи и работи на 300Hz ултра висока респонзивност кога се контролира со повеќе прсти. Токму затоа, телефонот може да се користи и за играње игри со брза динамика.

Но, причината поради која овој уред доживува толкава популарност во светски рамки впрочем е осумјадрен процесор Qualcomm Snapdragon ™ 778G 4G 4 x Cortex-A78@2.42 GHz + 4 x Cortex-A55@1.8 GHz. Додека за графиката користен е графички процесор Adreno ™ 642L.

За Huawei, долгото траење на батеријата никогаш не е проблем. Но сепак, изненадени сме од батеријата на nova 9 која се напојува со 66 W Huawei SuperCharge и трае без проблем неколку дена. Батеријата од 4300 mAh се полни многу брзо, благодарение на одличниот полнач. Моќноста од 66 W е максималната моќност на полнење и може да се постигне само кога се користат наменскиот полнач и кабел од HUAWEI SuperCharge.

Последно, но не и помалку важно – Huawei nova 9 доаѓа со 8 GB RAM меморија + 128 GB ROM.

И сосема за крај, може да заклучиме дека овој уред е со одличен квалитет кој е во чекор со модерното време. Со неговите карактеристики и можностите кои ги нуди ќе биде нераскинлив дел од вашето секојдневие.

Leave a Reply

Your email address will not be published.