За сите вие кои сакате да пушите пури, мора да знаете дека три основни работи кои мора да ги имате се секач, запалка и хјумидор.
Има огромен избор, од наједноставни до екстремно луксузни. На, некој му значи само да може да ги одржува, а некој сака да има луксуз. Тоа е она истото, некој пуши зашто навистина сака пура, а некој поради тоа што го смета за луксуз.
За хјумидори ќе пишуваме друг пат. Сега ќе ви го претставиме најскапиот хјумидор во светот.
IMPERIALI GENEVE го направи единствениот хјумидор кој чини милион долари и се вика The Emperador
Освен што е технолошки совршен, овој хјумидор е и вистинско уметничко дело. Направен е во комбинација со напредно инженерство, технологија и софистицираност. Не не ни чуди ако знаеме дека доаѓа од земјата на луксузот Швајцарија. Дозак за тоа е што е направаен од 2600 засебни парчиња.

Она што е уникатно и посебно кај овој хјумидор е напредниот систем за регулирање на влажноста. Точно регулирана температура и влажност се многу важни за зачувување на вкусот и аромите на врвните пури. Саморегулирачкиот систем држи константна влажност од 70%.
Отворањето на хјумидорот е нешто посебно. Освен што отоворањето е автоматско, тоа е иницирано од точна комбинација на букви кои ги допирате од горе. Тоа е безбедност на високо ниво.
Емперадор доаќа со часовник, а се работи со познатиото турбилон со невидена прецизност. Има автоматски и дигитализиран секач, а има и мала маса за палење на пурата. Она што е исто посебно е што има и автоматизиран пепелник, кој со секое доближување на пурата се отвара и затвара сам.
На крај, како шлаг на целата приказна овој хјумидор доаѓа со 24 пури Gran Crü. Замотани се со четири златни листови и секоја е ставена во посебна стаклена туба.
Импресивно нели? Но, уште еден интересен факт како за крај. И да сакате да набавите, ќе мора да се запишете на листа за чекање, бидејќи годишно се спремаат само по 12 вакви хјумидори.



