Ја нарекуваат најубавата жена на светот: Погледнете како изгледа во костим за капење на 49 години (ФОТО)

За неа велат дека е најубавата жена на светот, а по последната објава во купаќи не стивнуваат коментарите за објавата и нејзината форма.

Софија Вергара, позната по својата исклучителна убавина, не престанува да ги радува своите обожаватели. Колумбиската убавица објави прекрасна фотографија покрај базен во едноделен костим за капење со принт на зебра и на сите им посака среќен викенд за спомен. Не им требаше многу време на модните списанија и портали да го објават ова, меѓу кои и „Yahoo“.

Костимот за капење без прерамки го надополни со црвени очила за сонце од брендот „foster grant“ и златен накит. Ѕвездата останува верна на својата дива страна која ја истакна со костими со леопард принт.

Софија Вергара никогаш не запира! Секогаш кога и кажува на јавноста за раната дијагноза на рак на тироидната жлезда или кога објавува селфи без шминка, таа сака да биде реална.

Таква е нејзината објава во костим за капење, во која покажа како една 49-годишна жена може да изгледа апсолутно маѓепсно.

Ѕвездата од „Modern Family“ својот сончев летен изглед го надополни со златни алка обетки, додека пак кафеавите локни ги собра во реп за да го истакне додатокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.