Карираната кошула го освои светот на машката мода, не само во зимскиот период, туку и во летниот периоди од годината. Во минатото поистоветувана само со мачо момците кои живееле и ги сакале планините, денес поврзана со сите можни машки стилови на денешницата.
Карираната кошула ја носат тинејџери на факс и во школо, момци во 30тите на работа и по барови, постари мажи за викенд, па дури и почесто. Таа се комбинира со сите стилови, од спортски, смарт кежуал па дури и со бизнис стилот во одредени ситуации. Оди одлично на фармерки и карго панталони, со патики и зимски чевли, со јакна, елек или клот. Едноставно нема промашување со неа. Посебно оди некако со маица доле, шорцеви и патики
Во продолжение солидна галерија на оваа тема, како доказ дека карирана кошула мора да имате како дел од вашиот стил. По можност три а не само една. Бидејќи карираната кошула ја освои машката мода.

ФОТО: Unsplash
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 12 правила во поглед на стилот и модата