/

Како да препознаете маж дека е „до уши“ вљубен

Љубовта не може да се скрие, таа е присутна во најситните детали од постапките на вљубен човек.

Затоа и не е тешко да препознаете дали една личност е среќно вљубена или упорно се труди да избега од своите емоции.

Доволно е да ги примените овие знаења и проценката ќе биде 100% точна:

Има посебен животен елан 

Личноста која е вљубена има енергија да направи што било, токму бидејќи силата ја добива од љубовта.

Вљубена личност не е депресивна, туку постојано е еуфорична, па затоа со голема леснотија ги прави сите работи.

Маж кој е вљубен особено е активен во правење на скоро НЕВОЗМОЖНИ работи за својата сакана.

Замислен е 

Ако таа не е во негова близина, тој е замислен, како да ја бара со поглед.

Постојано го проверува телефонот или има потреба да напише некоја кратка порака со која ќе ја потсети дека мисли на неа.

Вљубен човек е половично присутен во разговорот, затоа не му замерајте ако треба да повторувате некоја реченица.

Сериозен е 

Наеднаш го интересираат сосема други животни навики.

Оди во кревет порано, рано станува од спиење, посветен е на работата и домот, наеднаш голема доза на сериозност.

Ако до вчера бил сосема несериозен, а наеднаш му се забележува токму оваа промена, знајте дека е „ПЕЧЕН“.

Се подготвува да „Скокне во тавче“.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.