Како да се храните здраво додека сте на одмор?

Многу луѓе целосно се препуштаат на уживањето за време на нивниот годишен одмор, заборавајќи на фитнес рутините, планот на исхрана и останатите работи кои ги практикуваат во текот на годината.

Сакајќи да заборават на сè што ги нервира или мачи во поголемиот дел од годината, луѓето се препуштаат на нездрави оброци што ги пропуштиле, уште малку сладолед, алкохолни пијалоци и други работи кои генерално ги избегнуваат. Сепак, многу од нив се соочуваат и со дигестивни проблеми по неколку дена нездрави рутини кои ги спречуваат да уживаат на одмор колку што сакаат. Овој пат ви ги откриваме начините на кои можете да ги избегнете тие непријатни ситуации.

Не го прескокнувајте појадокот

Појадокот е многу важен оброк во денот – пред да тргнете на плажа, погрижете се да внесете нешто во стомакот. Можете да изберете лесни сорти како што се мусли со јогурт, овошје или цедени сокови.

Лесен ручек

Доколку за време на ручек не се чувствувате премногу гладни, одберете лесна супа од зеленчук, а потоа засладете се со порција овошје што ќе ве освежи. Летото е сезона на различни видови овошје и зеленчук кои вообичаено не ни се достапни, па затоа е многу важно овој период да го искористиме правилно.

Избегнувајте пржени и претерано солени јадења колку што можете, а истото важи и за зачинета и брза храна. Тоа не само што ќе ја оштети вашата линија, туку најверојатно ќе предизвика дигестивни проблеми поради кои ќе се чувствувате тромо и уморно.

Можете да ја прескокнете вечерата

Вечерата за време на вашиот одмор треба да биде најлесниот оброк што ќе го консумирате, па затоа треба да избегнувате тешка храна која ќе ви го оптоварува желудникот.

Внесување на течности

Кога ги поминувате деновите на плажа, под сонце, важно е да пиете многу течности, особено вода. Обидете се да избегнувате газирани сокови и да ги сведете алкохолните пијалоци на минимум. Така ќе се чувствувате најдобро.

Слатки

Иако летото е синоним за сладолед, ви предлагаме умерено да консумирате слатки од секаков вид – изберете овошни салати или овошни колачи за да ги задоволите вашите потреби.

Извор: Машки Магазин

Leave a Reply

Your email address will not be published.