„Како да живеете 13 години подолго“? Доктор сподели шест совети како да си го продолжите животот со подобра исхрана

Еден лекар преку платформата TikTok сподели шест различни совети кои можат да ни помогнат да го продолжиме животот до тринаесет години.

Д-р Ентони Џун од Детроит ја искористи оваа социјална мрежа за да им ги објасни на своите следбеници резултатите од новата студија наречена „Проценето влијание на изборот на храна врз очекуваниот животен век: студија за моделирање“. Затоа, потребно е да ја намалите количината на брза храна, да престанете да се лигавите по убава шницла и да бидете подготвени да изедете поголема количина грав за да добиете уште неколку години.

Првата промена во исхраната што ја препорачува овој доктор, од неговата листа од шест клучни, е да се зголеми внесот на риба која е полна со омега 3 масти. После тоа, д-р Јун ги предупредил луѓето за пијалоци полни со шеќери, но секако сакал да ги насочи кон диета која е далеку поздрава.

„Под четвртата ставка го земам предвид внесувањето на поголема количина на јаткасти плодови и семки, кои се здрави извори на масти и протеини“, додаде докторот. „Под третата точка сакам да го спомнам избегнувањето на црвено и преработено месо, како сланина и колбаси. Број два е внесот на повеќе мешунки, како грав, грашок и леќа. Тие се одличен извор на растителни протеини и растителни влакна.

„На прво место, постои промена која потенцијално може да додаде години во вашиот живот и се заснова на поголем внес на цели зрна, како што се леќата, овесната каша и кафеав ориз. Можете да ги користите за да ги замените преработените житарки како што се белиот ориз и белите тестенини“. Меѓутоа, докторот остро се спротивставил на студијата, наведувајќи дека тоа навистина не прави разлика според квалитетот на месото што го јаде.

„Конкретно во случајот со говедското месо и рибата, верувам дека има огромни разлики помеѓу говедата хранета со трева и рибата фатена во дивината, за разлика од оние што се одгледуваат на конвенционални начини“, заклучи докторот.

@doctoryoun How to live 13 years longer! #study #nutrition #foodismedicine #diet #healthydiet ♬ Sunny Day – Ted Fresco

Тој го искористи и делот за коментари за да даде дополнителни предлози, од конзумирање повеќе овошје и зеленчук, до намалување на потрошувачката на млечни производи. Тој исто така објасни дека некои луѓе не реагираат добро на глутенот, па затоа советуваше поголем внес на цели зрна со цел да се потисне употребата на пченица и да се постигне целокупно поздраво чувство на телото.

Извор: Машки магазин

Leave a Reply

Your email address will not be published.