Вистинските џентлмени применуваат многу мудрост во решавање на нивните проблеми на работно место и не се конфликтни.
Во главно, конфликтите што настануваат не се предизвикани од нив, туку во нив се несвоеволно вовлечени.
Нивниот пристап е се, само не инфантилен. Во начинот на кој се справуваат со конфликтот се препознава нивната зрелост.
За решевање на еден конфликт е потребно многу време, а сите конфликти се решаваат во неколку фази.
Фаза на препонавање
Во оваа фаза, се воочува постоењето на конфликтот. Главно преку промена или редуцирање на комуникацијата со другата страна.
Фаза на соочување
Во фазата на соочување, се преземаат конкретни мерки и активности за надминување на конфликтот, односно се прави субјективна стратегија.
Фаза на детектирање проблем
Фазата на детектирање проблем, трае многу подолго од претходните две фази.
Бидејќи преку разговори и заедничка работа треба да се дојде до суштината на проблемот или пречката во комуникација.
Во оваа фаза може да се дојде до детектирање на непостоечки проблем поради лажна изјава, па затоа е потребно повеќе време и трпение.
Фаза на решавање на проблемот
Отткако ќе се детектира проблемот, се пристапува кон методологија на негово решавање. Оваа е една од завршните фази во решавање конфликти.
Фаза на превенција
Не е важно само да се поправи онаа што е срушено, туку и да се елиминира можноста да се дојде до нов конфликт од сличен тип.
Фазата на превенција предвидува заедничко планирање на идната комуникација.
© Фото: Freepik.com
Можеби ќе ве интересира: