Како изгледала машката мода низ 20-от век? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Трендовите доаѓаат и си одат. Секоја сезона носи некои различни бои, кроеви и стилови, секоја генерација носи свој стил и навики. Честопати денешните модни трендови се поистоветуваат со некои детали и модни симболи од минатиот век, па интересно би било да се потсетиме. Кои беа главните детерминанти на машката мода низ историјата?

Машка мода 1900 – 1909 година

Во првата деценија на минатиот век, машката мода била луксузна и елегантна. Мажите, како и жените, обрнувале внимание на совршеното прилагодување и координација на сите парчиња облека, на изборот на ткаенини и елегантни модни додатоци.
Свечените машки костуми биле триделни, составени од палто/јакна, соодветен елек и пантaлони.
Модните додатоци како шеширот со свечена облека, и капите во секојдневната облека биле неопходни.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1910 – 1919 година

Машката мода претрпела многу промени во овој период. Сѐ повеќе палтата биле заменети со јакни со појас. Свечената облека вклучувала фрак, елек, панталони и вратоврска, која остана присутна во свечените прилики до денес. Јакните биле широки и малку подолги, а шеширите сè уште биле составен дел од машката мода.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1920 – 1929 година

Во раните години на оваа деценија популарни биле јакните со појас кои потсетувале на униформите како остаток од Првата светска војна. Панталоните биле пошироки и со раб на средината. Во вториот дел од овој период, чантите станале моден додаток, а модерни биле и двобојните чевли. Главно се носеле вратоврски, додека машни биле резервирани за свечени пригоди.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1930 – 1939 година

Како резултат на рецесијата, машката мода била помалку пребирлива за квалитетот на ткаенините, па дури и за конструкцијата на оделата. Силните, па дури и светли бои кои претходно биле забележани, веројатно поради влијанието на општата депресија, ги заменија темните како сивата, темно зелената и кафената. Овие бои останаа главни бои за мрачните месеци до денес. Во овој период машките вратоврски станаа пошироки и пографички.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1940 – 1949 година

Оваа деценија била одбележана со Втората светска војна. Оделата биле изработени од синтетичка волна и имале прилично едноставни кроеви, без џебовите и наборите што биле видени претходно. На крајот на оваа деценија се појавиле некои значајни дизајнери кои го одбележаа модниот свет. Кристијан Диор беше едно од звучните имиња што е доминантно и денес. Во оваа деценија костумите стануваат поквалитетни, имаат подобар крој, а по подолг период машката мода повторно станува важна.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1950 – 1959 година

Како што веќе беше видливо на крајот на четириесеттите, во педесеттите модата повторно добила на интензитет. Машките костуми станале пошироки во рамениците, а панталоните станале потесни и пократки. Италијанските модни дизајнери имале силно влијание врз целокупниот дизајн на машките костуми и презентирале широки раменици, потесни панталони и пократки јакни изработени од квалитетни материјали. Вратоврските во овој период станале малку поцврсти.
Тука, големо влијание имал рокенролот врз облекувањето на помладите и изборот на фризури.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1960 – 1969 година

Во оваа деценија, во машката мода почнала сосема да се разликува од претходно. Промени претрпеле машките одела, има микс на бои, посветли, но и појаки бои. Шарените костуми не биле невообичаени, а вратоврските биле пошироки отколку во педесеттите. Оваа деценија ја одбележале модерни вратоврските украсени со тантела.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1970 – 1979 година
Особено популарни биле силните бои, хипи изгледот и фармерките. Модерни биле и сребрените костуми, ватираните јакни и кадифените панталони. Ерата на диското заземала многу важно место и значително го променила начинот на облекување на мажите. Вратоврските биле доста широки.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1980 – 1989 година

Во овој период, актери, музичари и други познати личности имале големо влијание врз модата. Трендовите брзо доаѓале, но и брзо си оделе во осумдесеттите. Но, еден од најсилните трендови е секако стилот на серијата „Miami Vice“. Боите биле важни и на нив се придавало најголемо внимание. Маиците се носеле под јакни, а кошулите се носеле само во деловна мода.

Фото: Машка мода 20-ти век

Машка мода 1990 – 1999 година

Во овој период машката мода станала по oпуштенa и се оддалечувалa од класичниот деловен изглед. Бил Гејтс ја популаризирал деловната секојдневна облека во Мајкрософт. Модерни беа фланелни кошули, фармерки и тексас јакни во особено светли бои и измиен изглед.
Вратоврските биле пошироки од денешните модерни. Иако имало модерни и класични вратоврски со пруги, популарни биле и вратоврските со различни нагласени мотиви и цветни дезени.

Фото: Машка мода 20-ти век


Од крајот на 20-ти век до сега, машката мода претрпе многу промени. За разлика од претходниот век, последниве години модата стана многу поопуштена и разновидна. Мажите решија да експериментираат и да ги прекршат до неодамна цврстите модни правила. Од друга страна пак, повеќе се размислува за модата, а особено за личниот стил.

Во секој случај, модата чии постулати се поставени во претходниот век оставија трага како значаен период. Истите остануваат како симбол на едно одлично време, но и машки стил за кој уште долго ќе се зборува и ќе се создаваат „ретро“ модни симболи ширум светот.

Се надеваме дека барем за момент ве вративме во минатото и се потсетивте на едни времиња каде мажите обрнуваа внимание на својата мода.

Leave a Reply

Your email address will not be published.