Како правилно да врзете вратоврска: Едноставен трик од 10 секунди!

Вратоврската е еден од најважните детали на машката деловна облека, за некои и секојдневен неизбежен дел. Ако сте нови во светот на бизнисот, треба да знаете како да врзете вратоврска. Во целиот свет, вратоврската се користи како украсно парче облека, додека деловна средба и веселби се незамисливи без овој моден детаљ.

Без разлика што некои ги носат само затоа што мораат, многумина сè уште не знаат како да врзат вратоврска.

Деловен кодекс на облекување

Деловното и свеченото облекување за мажи, бара носење вратоврска. Пред да почнете да ја врзувате истата, треба да ја усогласите со кошулата. Правилата наложуваат дека мора да знаете каква боја или модел на кошула оди со одредена вратоврска.

Основните правила кои треба да ги знаете при врзување вратоврска се:

  • обична кошула оди со вратоврска со дезен
  • кошула со дезен оди само со вратоврска во една боја
  • не комбинирајте шарено со шарено

Пред да почнете да се облекувате, а до сега не сте знаеле како да врзете вратоврска, дајте си барем 10 минути да го направите тоа. Потребно е многу време и вежбање за вратоврската да изгледа уредно.

Вратоврската може да се врзе на неколку начини

Постојат многу начини да врзете вратоврска, а неколку од нив се вообичаени. Општо правило е дека по врзувањето, треба да биде долга до ременот или само малку над него. Ако носите поширока јака на кошулата, јазолот на вратоврската треба да биде подебел. Поширокиот крај на кошулата треба да биде подолг од потенкиот дел што се покрива.

Фото: Вратоврска

Како да врзете вратоврска за 10 секунди?

Кога ќе почнете да ја врзувате вратоврската, застанете пред огледало. Ова е најлесниот начин да ја измерите должината и да бидете сигурни дека добро се вклопува со вашата кошула.

Доколку навистина ви се брза и немате време да врзете специјален јазол, погледнете го ова видео и научете како да врзете вратоврска за 10 секунди.

Видео: Како да врзете вратоврска за 10 секунди

Се надеваме дека барем малку ви помогнавме и отсега полесно ќе ја врзувате вашата вратоврска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.