Каков е вистинскиот џентлмен кој е сон на секоја жена?

Сон на секоја девојка, жена е покрај себе да има човек со кој ќе ги сподели и убавите и неубавите моменти од животот. Маж кој ќе и биде и поддршка и пријател, и љубовник и сопруг, и прекрасен татко на нејзините деца, и долг е списокот!

Но, за да освоите една дама, еден од најважните фактори кој еден маж треба да ги поседува се убавите манири, нежноста и трпеливоста на која сите жени ќе признаат дека ги освојува од прва.

Околината и тоа како влијае на развојот на општата култура на човекот. Децата од најмали нозе впиваат се што им се сервира, од однесување, до говор и начинот на комуникација. Машките деца своето однесување како „role model„ го копираат од татковците. И доколку вие како татко ја почитувате нивната мајка, ја опсипувате со љубов и внимание, бидете сигурни дека вашиот син ќе прерасне во вистински џентлмен со истите оние манири на кои вие сте работеле да ги постигнете или сте ги добиле како добар пример од вашиот татко.

И се тоа оди од генерација на генерација, посветувањето време на себе во читање книги или едукација за тоа како треба да се однесувате не е воопшто смешна бесцелна работа во која сте изгубиле драгоцени половина час во денот. Напротив, таквиот маж бидете сигурни дека секој ќе го цени, па дури и мажите кои немаат манири ќе се засрамат и подзамислат, како тоа да го практикуваат на себе.

Кога сме кај џентлмените, многумина велат дека џентлмен се раѓа, но ние можеме да го побиеме фактот со неколку совети.

Маж кој денес отвара врата од автомобил на жена, кој и го подместува столчето во ресторан, маж кој внимателно ја слуша што му зборува и одговара на поставените прашања, тоа е вистински воспитан џентлмен за кој секоја една би се борела да го задржи.

Маж кој посветува време на својот изглед и хигиена, кој секогаш се труди да изгледа беспрекорно, плени со неговата појава во секој простор. Овде не станува збор да треба секогаш да носите костум и вратоврска, но дури и во casual или спортска варијанта, доволно е да бидете чисти и средени и тоа да изгледа совршено.

Не секој може да си дозволи илјадници за да изгледа како модел од списание, но верувајте доволна е само мала креатива, и вие сте оној неодоливиот за саканата.

Обрнете внимание на надградување на вкусот во музиката, имајте стил кој ќе го следите. Културното сопствено издигнување без разлика дали е трендовски или не, кај жените влева доверба на постојаност.

Откријте го правиот џентлмен во себе, секогаш кога сте во можност прочитајте по некоја книга или списание за да го збогатите вокабуларот, жените неможат да одолеат никогаш на добар хумор и богат разговор!

И за крај, следете го Gentlemen magazin  секогаш може да научите повеќе!

Leave a Reply

Your email address will not be published.