Компанијата BMW воведува специјална понуда за своите клиенти

Секојдневно сме сведоци дека автомобилските гиганти воведуваат нови опции со цел да ги придобијат своите клиенти. Па, така и компанијата BMW ќе им понуди специјални опции за месечна претплата на своите клиенти, кои сакаат да уживаат во топли седишта и волан.

Од 2020 година, баварскиот бренд воведе месечна претплата за својот дигитален систем за тестирање на различни пазари користејќи различни опции во продавницата ConnectedDrive.

Фото: BMW автомобил

Покрај Велика Британија, Германија, Нов Зеланд и Јужна Африка, каде што оваа претплата за грејачи на седишта и волан е веќе достапна, Јужна Кореја е следниот пазар што ќе ја добие оваа целосно опционална функција.

Загреаните седишта доаѓаат во четири опции, со месечен план вреден околу осумнаесет долари, едногодишна претплата од 176 долари и тригодишна претплата од 283 долари, или клиентите можат да се одлучат за трајно загреани седишта за 406 долари.

Фото: BMW автомобил

Другите опции достапни со месечна или годишна претплата вклучуваат помош за долго светло, софтвер BMW Driving Assistance Plus, загреан волан и вештачки генератор на звук од моторот, а сите тие доаѓаат со различни цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.