Корисниците негодуваат: Реклами ќе има и на Нетфликс

И покрај цврстото верување на извршниот директор Рид Хестингс дека Netflix не мора да ги компромитира своите услуги со реклами, стриминг гигантот наводно наскоро ќе лансира поевтино ниво на претплата со реклами.

За првпат слушнавме за претстојниот рекламен пакет пред два месеци, но Netflix тогаш не ги потврди гласините. Меѓутоа, во неодамнешното појавување на фестивалот за рекламирање Cannes Lions, ко-извршниот директор Тед Сарандос ги потврди гласините и рече дека компанијата наскоро ќе воведе подостапен план за претплата, со цел да привлече нови клиенти.

„Оставивме голем дел од клиенти надвор од масата, а тоа се луѓето кои велат – еј, Netflix е прескап за мене и не ми пречат рекламите“, рече Сарандос, цитиран од The Holywood Reporter.

Ако сте загрижени за вестите за воведување реклами, ќе ви биде мило да знаете дека Netflix нема да ги воведе за сите. Прикажувањето реклами ќе биде ограничено на корисниците кои ќе се одлучат за новиот план за претплата. Покрај потврдата за поевтиниот пакет, Сарандос откри и дека Netflix во моментов е во преговори со потенцијални партнери за рекламирање на платформата.

Netflix допрва треба да открие од кога ќе ја воведе поевтината претплата. Претходните извештаи сугерираа дека тоа би можело да се случи до крајот на оваа година, но ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите.

Netflix неодамна објави пад на базата на претплатници, за првпат по десет години. Компанијата изгуби околу 200.000 корисници само во првиот квартал од 2022 година, а новото ниво на претплата е дел од нејзините напори да донесе нови претплатници на платформата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.