Предноста на органската козметика е во тоа што таа не може да има никаков негативен ефект врз кожата.
Кожата на лицето е најосетлива и затоа е потребно многу внимание при правење на избор за козметика, токму поради непостоечко штетно дејствие, органската козметика е идеална за лицето.
Во летниот период кога сме изложени на Сонце, кожата често страда, поради што потребно е да обрнеме поголемо влијание на нега на кожата.
Ви предлагаме органска козметика со која ефикасно ќе се погрижите за добар изглед на кожата од лицето:
- Кокосово масло
Кокосовото масло е достапно во подобро опремените маркети или во аптеките. Секогаш кога ќе почувствувате дека кожата на лицето се суши нанесете малку кокосово масло.
Маслото создава заштитен слој над епидермисот и ја хидрира дополнително кожата.
Фото извор: https://unsplash.com/photos/Bb8_yBkb_6E
- Лимон
Лимонот е крал на органската козметика и тој се употребува за различни намени, од длабинско чистење на кожата до нејзино тонирање и хидрирање.
Витаминот Ц, успешно ги убива сите микроорганизми на лицето и помага во врзување на водата со кожното ткиво.
Фото извор: https://unsplash.com/photos/ezqnxsqUZ80
- Краставица
Секако, тука е и краставицата. Таа содржи 90% вода и помага во изгореници од Сонце. Чистете го лицето со краставица секој ден по сончањето и потполно ќе го освежите неговиот изглед.
Фото извор: https://unsplash.com/photos/L8GbxVUQ-f0
© Gentlemanmagazine Фото: Freepik.com