Lumbersexual – сеуште омилен стил кај мажите (ФОТО)

До вчера, омилен имиџ на мажите во светот беа Метросексуалците. Кратки тесни панталони, слим кошула и избричено и средено лице, имиџ кој секогаш асоцира на Дејвид Бекам.

Денес Метросексуалците се во фаза на исчезнување. На нивно место доаѓа имиџот кој асоцира на несреденост, спонтаност и живот надвор од метрополите. Тоа се Лумберсексуалците. мешавина од Метросексуалците и Хипстерите, или како што ги нарекуваат нашите северни соседи – Дрвосечосексуалци. Малку комично, но вистинито.

Тоа се луѓе кои личат дека живеат во шума, но работат во најблиската IT компанија. Мислите дека носат секира во нивниот ранец, но тие носат MacBook Air. Мислите дека јадат брза храна, а тие пазат на исхраната повеќе од вашата мајка.

Најчесто може да ги видите во карирани кошули (брендот не им е многу битен), фармерки и зимски кондури/чизми. Да не ги заборавиме и долгата несредена брада, и мачо телото.

А жените, ги обожаваат, затоа што се осеќаат безбедно во нивно друштво.

Лумберсексуалците (https://instagram.com/lumbersexual) се новиот омилен стил на мажите во светот, но и во Македонија.

ФОТО: Instagram

Leave a Reply

Your email address will not be published.