Македонскиот спорт остана без „џентлменот меѓу фудбалерите“

Нè напушти едно од најголемите фудбалски имиња во историјата на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски. Фудбалер, тренер, активен на терените, а и надвор од нив, познат по својата спортска дејност, но пред сè по џентлменските манири.

Во неговата кариера има доживеано повеќе успеси. Познат како еден од најдобрите дефанзивци тој имал блескава кариера со Вардар, Црвена Звезда и со уште неколку клубови како дел од неговата интернационална кариера. Својата кариера ја има започнато во најтрофејниот македонски клуб Вардар, а со овој клуб имал изиграно 106 првенствени натпревари, додека со „златната генерација“ на Црвена Звезда имал изиграно 420 натпревари. Тој фудбалската кариера ја продолжил во Франција, во екипите Троја и Париз каде што и ја завршил кариерата.

На фудбалската јавност ѝ беше познат и како тренер. Освен што има интернационална кариера, тој застанал и зад кормилото на Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница Делчево, Брегалница Штип.

Но, пред сè оваа фудбалска икона е позната како големо „џентлмен меѓу фудбалерите“. Пријателите за него велат дека овој епитет македонскиот дефанзивец го добил по тоа што за него никој не кажувал лош збор, а и самиот тој секогаш се ставал во втор план за да помогне на другите. Низ неговите шеги секогаш знаел да внесе посебна енергија, а за неговите манири ќе се зборува уште многу долго.

Leave a Reply

Your email address will not be published.