Македонските џентлмени на мотори по седми пат продефилираа по скопските улици

„The Distinguished Gentleman’s Ride“ – настан кој веќе 11 години се одржува во светски рамки оваа недела се одржа и во Скопје по седми пат во низа. Во организација на џентлменските мото клубови овој настан одново ги наполни скопските улици со класичните моторцикли и беше вистинска артакција за жителите на главниот град.

Во елегантни костуми и со одличен аутфит моторџиите продефилираа по скопските улици. Овој настан е спој на хуманитарните вредности, добриот стил и љубовта кон моторциклите. Пред се, најважно е да се подигне свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата. Станува збор за настан кој е дел од глобалното хуманитарно движење „Возењето на истакнатите џентлмени“, кое се одржува во чест на машкото здравје.

Нашата екипа веќе еднаш има правено интервју со Игор Стефановски којшто е организатор на овој настан, а тоа интевју од 2020-та година може да го погледнете ТУКА.

The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje
The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje
The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje
The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje
The Distinguished Gentleman’s Ride Skopje

Leave a Reply

Your email address will not be published.