Македонските мажи со стил добија нова ексклузивна продавница (ФОТО)

Dan John е италијански бренд кој за кратко време прерасна во глоаблен синоним за модерните мажи. Овој бренд на мажите им нуди спој на елеганција и стил, со одлични цени. Денеска за прв пат го имаме во нашата држава во новоотворениот Ист Гејт Мол, благодарение на Fashion Group Macedonia.

Dan John е формиран во 2015 година, и генерално е достапен во Италија со повеќе од 90 продавници. Потоа с ешири низ Шшанија, во Германија, Франција, Америка. Веќе е глобален препознатлив бренд. Овој бренд е основан двајца претприемачи, од кој едниот Џовани Дела Рока, млад полн со идеи и енергија и од другата страна искусен претприемач со 45 годишно искуство во текстилната индустрија, Даниеле Рака. Нивната желба и имагинација била да опфатат мажи од 17 до 70 години.

Она што македонскит емажи ќе можат да го видат и купат во оваа продавница е буквално се. Од капути, јакни, до одела, кондури, кошули, џемпери, аксесоари, ташни. Буквално се што му е потребно на еден маж со стил.

“Ние ги гледаме мажите како верни на традиционалниот начин на облекување. Ние се обраќаме на класичните мажи кои сакаат да се облекуваат формално, но знаат да ги следат и трендовите како пошироките крагни на капутите, или пократките пантолани со висок струк. Сетоа ова го овомзожуваме за прифатливи цени. Нашата формула за работа и развој се покажа навистина успешна и за само неколку години работи успеавме да отвориме не само 80-на продавници во Италија, туку и нашиот потенцијал го развивме и надвор, благодарение на универзалниот јазик кој го говориме кога се работи за модата, а тоа е италијанскиот стил.”

Dan John од бизнис гледна точка, уште веднаш сакаше да да ги освои двете работи важни во овој сегмент иновацијата и традицијата. Традицијата на овој бренд доаѓа од фамилијарните вредности, каде керќите на еден од сопствениците го поддржуваат брендот од менаџерски аспект. Тоа е според нас е еден од најдобрите начини за успех, и секој чест на овие двајца кои успеаа за кратко време да го направат брендот на едно глобално ниво толку посакуван.

ФОТО: Fashion Group Macedonia/Facebook

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Тајната на италијанскиот стил

Leave a Reply

Your email address will not be published.