Милијардерот во врска со 23 години помала актерка: Која е новата девојка на Илон Маск?

Милијардерот Илон Маск во сосема опуштено издание со новата девојка која е 27-годишна австралиска актерка. Најбогатиот човек на светот раскина со бившата 2 месеци пред нивното дете да се роди.

Илон Маск ужива со новата девојка, Наташа Басет

Илон Маск (50) беше фотографиран со новата девојка, австралиската актерка Наташа Басет, како ужива во рајот за милијардерите Сен Тропе.

Парот уживаше во раскошен хотел, каде ноќевање е илјадници долари, но тоа не е ништо за најбогатиот човек на светот.

27-годишната Басет заинтересирано разговараше со Маск, а потоа парот се прошета крај океанот.

Илон Маск ужива со новата девојка, Наташа Басет

Се верува дека парот започнал да се состанува во февруари годинава, кога беа фотографирани како се симнуваат од приватниот авион на Маск.

Маск го доби второто дете со поранешната девојка, музичарката Грајмс, во декември минатата година со помош на сурогат мајка. Тие ја прекинаа врската во септември, два месеци пред породувањето.

Новата девојка на Маск е прифатена и од страна на неговата мајка, а парот имаше неколку појавувања заедно во Кан.

Басет потекнува од Австралија, но на 19 години се преселила во Њујорк поради градење на кариера, а подоцна и во Лос Анџелес.

Маск е татко на 7 деца и зад себе има три разводи, од кои 2 со иста жена.

Извор: crnobelo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.