Мит или вистина: Мажите не плачат и немаат чувства

Во популарната култура е позната изреката дека: „Мажите не се чувствителни колку жените“ и дека тие никогаш не реагираат со плач на животните ситуации.

Ваквиот модел на „маж“ се применува дури и во воспитанието на машките деца, па често можете да слушнете агенс на социјализација како им сугерира на машките деца дека плачот е неприфатлив облик на однесување кај мажите или дека „плачењето е женска работа“.

Сите знаеме дека станува збор за мит и за идел-тип кој нема врска со реалноста. Но вистинското прашање е „Од каде потекнува овој мит“.

Во античките општества со воено уредување, каква што била Спарта на пример, познато е дека машките деца се изложувале на тешка воена дисциплина.

Воената дисциплина предвидувала анулирање на чувствата и покажување на храброст и разумност во секоја ситуација.

Овој стереотип се променил во средниот век со витештвото. Имено витезите покрај другото биле познати и по тоа што пишувале витешка или рицарска поезија посветена на нивната љубов, сопруга или девојката во која биле вљубени.

Средновековниот витез ги споил идеалите на воинствен маж, кој има чувства.

Одговор на науката:

Психолошките истражувања покажуваат дека нема разлика во чувствата на мажите и на жените. Односно дека полот не е варијабла која има значајно влијание врз чувствата.

Сите разлики се индивидуални и најмногу зависат од средината, воспитанието и другите социјални фактори.

Според психологот Хачер, манифестацијата на чувствата има врска со социјалното потекло на личноста, а не со неговиот пол.

Имено доколку машкото дете растело во патрјархална средина, тој бил учен да прифаќа лидерски улоги во општеството поради што е предвидено да покажува помалку емоции од жените.

Но, исто така има и жени кои биле подготвувани на дисциплина во однос на своите чувства, па така е познат митот за „жена Амазонка“ или „жена со челично срце“, особено во општества каде женското лидерство е нормална појава.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.