Наскоро доаѓа новиот iPhone 14: Која ќе биде цената, датумот на излегување и останатите спецификации?

Наскоро ќе биде промовиран новиот iPhone 14, а се повеќе за него се пишува по медиумите околу новите спецификации кои ќе ги има со што ќе се разликува од неговите претходници. На настанот „Far Out“ на Apple, кој ќе се одржи на 7 септември, најверојатно ќе бидат претставени четири верзии на iPhone: стандардниот iPhone 14, iPhone 14 Plus, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Меѓу новите опции за кои се зборува за iOS 16‌ е и подобрениот заклучен екран со позадини кои имаат опции како виџети.

Подобрувањето на заклучениот екран наводно ги поставува темелите за идните функции, вклучувајќи и „секогаш заклучен“ начин на работа. Во анализата која ја објави Мајк Гурман тој тврди дека iOS 16 ќе има целосно нова спецификација која се однесува на секогап заклучениот екран.

iPhone 14 — 9 last-minute rumors you need to know | Tom's Guide

Опцијата за секогаш вклучен екран е достапна за корисниците на бета верзијата на iOS 16 повеќе од еден месец на iPhone 13 и претходните верзии.

Сепак, оваа опција е поврзана и со новата технологија за OLED дисплеј што Apple ќе ја користи исклучиво на уредите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, а се однесува на освежување на екранот за време на опцијата за активен секогаш вклучен екран со цел да се заштеди батерија. Според последните гласини, оваа опција ќе биде достапна само на најновите iPhone уреди, иако претходно беше достапна на 13s, 12s.

Кога зборуваме за димензиите на екранот, iPhone 14 доаѓа со 6,1-инчен дисплеј, iPhone 14 Plus со 6,7-инчен дисплеј, iPhone 14 Pro со 6,1-инчен дисплеј и iPhone 14 Pro Max со 6,7-инчен дисплеј.

Apple is Hosting The iPhone 14 Event Early to Minimize The Impact of Global  Recession on Demand

Разликата меѓу овие четири верзии, освен по димензиите, ќе се одрази и според фотографиите и според делот каде што се наоѓа предната камера. Два уреди треба да имаат засек каде што се наоѓа предната камера, додека два уреди треба да имаат „таблет“ во пределот на предната камера.

Според првичните информации цената на iPhone 14 ќе биде од 750 долари за основната верзија, па нагоре. Оваа цена е за 50 долари поевтина од претходното промовирање на iPhone 13 кој чинеше од 800 долари, па нагоре. Гласините околу цените велат дека надоградената верзија ќе чини 100 долари повеќе, односно 850 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.