Nasomatto, Fantomas: Мирис на софистицирано злосторство

“Почнувам да креирам нешто, но во одреден момент тоа нешто почнува да прави свои избори. Тоа е процес што ме интересира и води. Ми се допаѓа чувството на губење контрола и да не сум единствениот што го прави изборот. Мојот главен интерес е да создадам нешто што ќе живее и ќе биде способно да раскаже нови нешта. Сакам моите парфеми да имаат постоење сами за себе, да не бидат робови на значењето кое јас им го давам.” -Парфимерот

FANTOMAS

Ова шише парфем е дел од проектот Nasomatto. Мирисот e неостварливo навестување за трансгресивниот чин што е извршен со леснотија на префинета прецизност.

Потрага за манипулирање и засилување на моќта на парфимерот. Fantomas остава непобитна трага за понатамошно истражување, траен фрагмент кој ја отелотворува духовитоста и шармот на совршено извршен план. Мистериозен мирис погоден за пркосни околности, кој навидум предизвикува мирисни илузии со постојан развој.

Идеја која води кон похармоничен свет или негово уништување … Мирис на софистицирано злосторство.

Инспирација за пакувањето

Инспириран од најозлогласените сцени од злосторства, амбалажата е покана за истражување, откривање и извлекување на сопствени заклучоци. Капачето на шишињата Fantomas е изработено од дрво од лешник кое поминало низ процес на вакумска метализација, а резултатот е четири рефлектирачки страни. Како и со сите други мириси на Nasomato – целото пакување е создадено во Италија.

Дрвенести ноти, арома на лешник и малина во комбинација со мошус, кедар и амбер го прават овој мирис неповторлив. Мирис кој останува во сеќавањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.